Еве кои ќе бидат условите за коалицирање на Левица со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците:
1) Да се воведе законска заштита и забрана за користење на името ВМРО (Значи, ВМРО-ДПМНЕ да си го смени името во ДПМНЕ).
2) Да се забранат етнички партии – и тие што се во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и етничките партии кои содржат „Албанци“ во називот – како Алијанса за Албанците, на пример.
3) Изборите да се одржат во една изборна единица и да се забранат предизборни коалиции.
4) Да се забранат митинзи (ова го нема експлицитно во програмата, ама беше кажано – на митинг!)
5) Да нема бегање од дебати, како што бегаше градоначалничката на Скопје, која што ја гласаше и Левица.
6) Да не можат во власта да бидат бирани лица со две или повеќе државјанства, како тие што ги гласаше Левица.
7) Поништување на т.н. Преспански договор со Грција!
8)Итно отчленување од НАТО Пактот!
9) Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја.
10) Признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија.
Не е шега, вистина е – бидејќи како што знаеме, Апасиев и Левица држат до своите принципи зацртани во партиската програма!