ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

За да бидат власт, Мицкоски, Села, Гаши и Касами замижуваат пред радикализмот на Левица

November 7, 2021 13:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски влегува во коалиција со партијата што бараше бришење на името ВМРО од опозициската ДПМНЕ и негова законска заштита и забрана за користење од било која политичка партија, фирма или невладина организација поради негова злоупотреба во дневно-политички цели, по локалните избори желбата за власт очигледно ги брише сите политички идеали.

Оние кои немале прилика да ја прочитаат програмата на Левица во предизборниот период или да присуствуваат на некоја од средбите со граѓани што ги имаше партијата во периодот на кампања и да ги слушнат определбите од нејзините членови, можеби и ќе се изненадат од содржинските делови особено во делот посветен на Политичкиот систем и администрацијата каде Левица ветува:

„Поништување на т.н. Преспански договор и бришење на погрдниот назив „Северна“ од Уставот. Укинување на Охридскиот рамковен договор како извор на консоцијалниот (сегрегирачки) етничко-трибалистички карактер на политичкиот систем на Македонија и враќање на чисто мнозинскиот карактер, со практикување на демократијата како стандард за современите демократски заедници“.

Преспанскиот договор Левица го третира и во делот за надворешната политика.

-Поништување на т.н. Преспански договор со Грција и на криминалните илегални уставни амандмани произлезени од истиот (поради непочитување на правото на самоопределување); Ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, поради историски ревизионизам и рехабилитација на фашизмот; Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја; Издигнување на билатералните односи со НР Кина на ниво на стратешко партнерство, со фокус на инфраструктурно поврзување; Признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија“, се вели во дел од програмата на „Левица“.

Во делот од програмата, посветен на Меѓународните односи и организации, Левица се залага за „Итно отчленување од НАТО- пактот, поради непочитување на уставната процедура за влез во воен „сојуз“ со други држави, како и непочитување на волјата на народот изразена на Референдумот од 2018 година“.

Останува нејасно како албанските партии Беса и Алијанса/Алтернатива замижуваат на барањата на Левица за поништување на двојазичноста, како резултат на октроираната т.н. Тиранска платформа, и враќање на јазичните права на малцинствата во рамки на Уставот; укинување на „правичната застапеност“ и позитивната дискриминација по етничка основа и нејзина замена со позитивна дискриминација по социјална основа“

Дополнително, во делот од програмата посветен за Обвинителство, Левица ветува „процесирање на незастарливите т.н. Хашки случаи од 2001 година“ („Мавровски работници“, „Водството на ОНА“ и др.), како најтешки кривични дела извршени против човечноста и меѓународното хуманитарно право, како и „кривичен прогон против сите учесници во илегалната и шверцерска промена на уставното име Република Македонија (премиер, министер за надворешни работи, пратеници, обвинители, судии, новинари, активисти и други).

Д. Е.

Next Post

БЕСА, Алијанса и Алтернатива на тест - дали ќе поддржат укинување на Охридскиот рамковен договор

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk