ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„50 години македонски анимиран филм“

November 8, 2021 13:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во среда, 10 ноември со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе започне настанот „50 години македонски анимиран филм“. Одбележувањето на јубилејот ќе опфати изложба на  артефакти од „златното доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на  артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес. Освен изложба, предвидени се дискусии со авторите од „златното доба“ и сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“ која е резултат на  истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски.

Оваа година се навршуваат точно 50-тина години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години – создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин.

По „златната доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред околу 10-тина години, новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање на нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на македонскиот анимиран филм на европските и светските фестивали.

Организацијата на овој настан е на Друштвото на филмските работници на Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Северна Македонија, Вардар Филм и Младинскиот културен центар, со поддршка на Агенција за филм на Република Северна Македонија, Министерството за Култура и Град Скопје.

10 – 22 Ноември, 2021г. 

Младински културен центар, Скопје 

ПРОГРАМА 

– 10 ноември

20ч. Отворање , проекција на „Ембрио № M“ првиот македонски анимиран филм. Изложба во галерија 1 – Македонски анимиран филм 1971 – 1991 (изложба на  оригинални артефакти од анимираните филмови)

Изложба во галерија 2 – Македонски анимиран филм Сцената денес (изложба  на оригинални артефакти од анимираните филмови)

(Изложбите ќе траат до 22 ноември)

– 11 ноември, кино Фросина

19ч. Дискусија – Македонски анимиран филм 1971 – 1991 (разговор за  истражувачкиот проект и публикацијата „ Македонски анимиран филм 1971 – 1991“.

20ч. Проекција – 1971 – 1991

Стрелби – Дарко Марковиќ

Феникс – Петар Глигоровски

Тоа е мојот живот – Боро Пејчинов

Хомо екраникус – Делчо Михајлов

Парабола – Мирослав Грчев

Повлечи-потегни – Мице Јанкуловски

Демагог – Славољув Игњатовиќ

Чистач – Милутин Рогановиќ

(Нај) Тешкото – Афродита Марковиќ

– 12 ноември, кино Фросина

19ч. Дискусија – Македонски анимиран филм – За сцената денес (разговор за  предизвиците на авторите на анимиран филм денес)

– 20ч. Проекција – Сцената денес

Една – Вук Митевски

Кружно патување на монахот – Жарко Иванов

Народен фронт 12 – Иван Ивановски

Човекот што не сакаше да умре – Гоце Цветановски

Готлиб – Крсте Господиновски

Карантин – Иван Андреевски

Живот во меур – Никола Дрвошанов и Натали Мекмехон

Девојката што паѓа – Владимир Лукаш

Организацијата на овој настан е на друштвото на филмските работници на  Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Северна Македонија, Вардар Филм и  Младинскиот културен центар. Со поддршка на Агенција за филм на Република  Северна Македонија, Министерството за Култура и Град Скопје.

Благодариме за помошта што ја добивме од Македонската радио телевизија,  Фестивалот за европски анимиран филм – Флипбук Филм Фестивал, Здружението на  македонски аниматори – АСИФА Македонија, СКЦ Јадро како и на сите оние кои со нас  го делеа ентузијазмот за овој прoект .

Next Post

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји

Shortcut

Најново

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk