ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Извештај: Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој

November 8, 2021 08:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

БДП на 65-те најранливи земји ќе се намали во просек за 20 проценти до 2050 година и за 64 отсто до 2100 година доколку светот се загрее за 2,9 степени Целзиусови, се вели во извештај објавен денеска на климатскиот самит КОП26 во Глазгов.

Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, истите земји ќе претрпат удар врз БДП од 13 отсто до 2050 година и 33 проценти до крајот на векот, се вели во студијата нарачана од Кришчн Ејд (Christian Aid).

До денес, просечната температура на површината на Земјата е зголемена за 1,1 степени Целзиусови во споредба со нивоата од крајот на деветнаесеттиот век.

Наодите на Кришчн Ејд покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување.

– Способноста на земјите од глобалниот југ одржливо да се развиваат е сериозно загрозена, изјави главниот автор Марина Андриевич од Универзитетот Хумболт во Берлин.

– Политичките избори што ги правиме сега се клучни за да се спречи понатамошна штета додаде таа.

Осум од десетте најпогодени земји се во Африка и две во Јужна Америка.

Сите 10 земји се соочуваат со штета врз БДП од повеќе од 70 проценти до 2100 година при сегашната траекторија на климатската политика и 40 проценти дури и ако глобалното затоплување е ограничено на 1,5°C.

Земјата која се соочува со најсериозни загуби во БДП е Судан, кој беспомошно доживеа поројни дождови и големи поплави во септември, кои погодија повеќе од 300.000 луѓе.

До 2050 година, БДП на земјата ќе се намали за 32 проценти, а до 2100 година – за 84 отсто, во споредба со ситуацијата во која би била доколку нема климатски промени.

Земјите опфатени со извештајот сочинуваат два клучни преговарачки блока на климатските разговори на ОН, кои траат до петок: Најмалку развиените земји и Алијансата на малите островски држави.

Малите островски држави се особено ранливи на бури, кои се влошуваат со зголемувањето на морската вода.

Студијата не ги зема предвид мерките за адаптација кои потенцијално би можеле да намалат дел од штетите.

Богатите влади досега издвојуваа само скромни суми за да им помогнат на сиромашните земји да се приспособат на климатските промени.

– Африка најмалку придонесе за климатските промени, но овој извештај покажува дека ќе се соочи со најлошите последици. Тоа е длабоко неправедно, рече Мохамед Аду, директор на тинк-тенк за клима и енергија со седиште во Најроби, Power Shift Africa./МИА/.

Next Post
Сашо Орданоски

„Дојди зло, оти без тебе уште позло!“

Најново

Фото: ССМ

Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

May 6, 2026

Македонскиот павилјон се отвора в петок во Венеција, доделувањето на „Златен лав“ одложено поради оставка на жирито

May 6, 2026

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk