ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Клиниката за гастроентерохепатологија воведува нова процедура за третман на заболување на хранопровод

November 8, 2021 11:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денес за прв пат беа изведени три интервенции на Радиофреквентна аблација кај пациенти кои страдаат од Баретов езофагус. Ова заболување се карактеризира со измена на нормалната лигавица во долната третина на хранопроводот која доколку соодветно не се третира може во одреден процент да доведе до карцином  на хранопровод. Со Радиофреквентна аблација, која е ендоскопска техника, променетото ткиво се изложува на топлинска енергија со што се уништува променетото ткиво.

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија објасни дека воведувањето на новата метода носи големи придобивки за пациентите, како и заштеда за јавното здравство.

„Од сега пациентите ќе може да ги третираме во нашата земја, што за нив значи помали трошоци и побрзо добивање на потребната здравствена услуга, а за здравствениот систем е значајна заштеда, затоа што една ваква интервенција во странство чини и до 15.000 евра по интервенција, а во некои случаи е потребно е и повторување на интервенцијата. Значајно за Клиниката за гастроентерохепатологија е и тоа што има можност да стане регионален центар за овие интервенции, што може да даде значаен инпут во нејзината финансиска кондиција и можностите за понатамошен развој и унапредување на портфолиото на здравствените услуги“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Постапката се изведува во амбулантски услови од страна на гастроентеролог, а пациентот е под анестезија. Интервенциите денес ги направи светски познатиот гастроентерохепатолог д-р Иво Бошкоски, кој е по потекло од нашата држава, а работи на Католичкиот универзитет, во чии рамки функционира поликлиниката „Агостино Џемели“ во Рим, во соработка со лекари од Клиниката за гастроентерохепатологија,.

„При изведување на оваа процедура се користи електрода монтирана на ендоскоп за да се испорача топлинска енергија директно до променетото ткиво на хранопроводот. Гастроентерологот бира соодветна електрода за процедурата, што зависи од должината и количината на Баретовиот хранопровод. Овој процес обично трае околу 10  минути и резултира со аблација на ткивото. Во период од шест до осум недели, ткиво кое е третирано се заменува со нормална слузница“, истакна д-р Бошкоски.

Баретов хранопровод настанува како компликација од долготрајна повторувачка гастроезофагеалена рефлуксна болест, односно оштетата на хранопроводот предизвикана од враќање на киселината од желудникот во хранопроводот. Со цел унапредување на третманот на оваа состојба на Клиниката за гастроентерохепатологија се воведува и уште една метода за мерење на pH во хранопроводот и неговото движење со што може да се обезбедат точни информации за присуство на рефлуксната болест. Континуираната 24-часовна pH-метрија е стандарден метод во гастроентерологијата кој овозможува директно и квантитативно мониторирање на киселинскиот рефлукс и дава показатели за одредување на соодветниот начин на третман.

Next Post

Пладневен преглед: Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собрание, пишува Орданоски, Села нема контакт со Апасиев

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk