ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво почна со бркање од работа, Села нема контакт со Апасиев

November 8, 2021 20:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ, Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери, пишува Џабир Дерала, 

ПОЛИТИКА

„Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново“, стои во објавата.

Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице, велат од СДСМ во соопштение за јавноста. Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.

Оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана и донесена во емотивен момент – овој став го делат многумина негови сопартијци, партнери од коалицијата, но и високи политичари од меѓународната заедница. Повеќето се на став дека на државата и претстојат значајни реформи, кои се изводливи единствено со стабилни институции.

Покрај заканувачките и навредливи објави коишто неретко ги објавуваше пратеникот и еден од членовите на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, на Твитер исплива и еден упатен до Арбен Таравари од АА. Станува збор за објава на Фејсбук од 2020 година и во неа се вели: Кај е сега фашистот Таравари да брои етничка припадност на заразените ко на Златна Бубамара? На ова прашање на Твитер, Сплинтер @sinisa_goliOtok, му одговори, еве го Таравари брат, до тебе !

Што после Заев?  Не треба да бидеме изненадени со решение што не е директно од СДСМ за мандатар, за да се одвојат тие две агенди и борби, во обид да се оневозможи нефер влијание на функцијата во Владата на подоцнежниот партиски избор, анализира Петар Арсовски.

Откако минатиот петок, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека собрал парламентарно мнозинство со кое ќе изгласа недоверба на Владата, ситуацијата денес изгледа сосема поинаку, па дури и самиот Мицкоски не се појави на прес-конференција.

За поздравување е вчерашната реакција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја осуди изјавата на Шкодране Дардишта, која се закануваше со војна, изјави денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Оградувањето на Али Ахмети е за секој поздрав, истакна Ангелов, прашан за коментар, во врска со статусот што го објави на „Фејсбук“, Дардишта, која е членка на Одборот на директори на „Македонски телеком“.

Села: Не се согласувам со ставовите на Левица и немам контакт со Апасиев. Исто така и Арјанит Хоџа од Движење Беса пред две недели рече дека е против политиките на Апасиев кои ги нарече антиамерикански и антиалбански.

 

ФРОНТ

Среде заглушувачката врева од испуканите балони.  Правда! Тоа е во устата и под прстите на тастатурата на политичарите и нивните онлајн војски. Јунаци. Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери, пишува Џабир Дерала.

„Дојди зло, оти без тебе уште позло!“- Опозицијата побрза, јавајќи на моментниот „висок бран“ на локалните изборни резултати, да се пофали со ново мнозинство во Собранието. Власта, со право, сега вели повелете, да гласаме, па да видиме дали го имате или не. Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собраниска процедура, бидејќи иницијативата е на страна на опозицијата, пишува Сашо Орданоски во најновата колумна.

ЕКОНОМИЈА

Од утрово РЕК Битола не произведува струја, двата блока се во прекин. Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара  Владата да прогласи кризна состојба поради енергетската криза. Тој тврди дека рестрикции не се потребни.

СВЕТ / ЗЕЛЕНА

Извештај: Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој.

Наодите на Кришчн Ејд покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување.

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Реџепи : Ја напуштам Алтернатива, можам да го вратам и мандатот на пратеник, доколку партијата реши да ја урне Владата заедно со Левица

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk