Ставовите на партијата Левица речиси никогаш не се совпаѓале со ставовите на албанските партии. Оваа партија сега е дел од новото мнозинство што го најавува Мицкоски, а останува дилемата дали Левица на Апасиев ќе биде дел и од владата. Кои се ставовите на албанските партии во врска со Левица, говореше Зијадин Села на ТВ21.
„Јас ве прашувам што претставува Левица, се согласувате ли со нив? Воопшто не се согласувам, рече Села.
Значи не се согласувате со тоа што го застапуваат?
„Јас што кажувам. Воопшто не се согласувам. Јас не се согласувам со нив, но доколку мене ме прашате…Но не кажувате дали имате нешто против или не. Кажав бре, не се ни дискутира такво нешто, јас кажав дека воопшто не се согласувам со тоа, ниту се дискутира за тоа.“, изјави Села во емисијата КликПлус на ТВ21
Села додаде дека никогаш не седнал на маса и немал контакти со Левица.
„На локално ниво не се прави, туку на централно? Јас никогаш не сум имал контакти со лидерот на Левица, или да седнам и да разговарам на некоја тема.
А со Мицкоски? Нормално со г. Мицкоски контактите што ги имам беа јавни. И кога прогласивме соработка но и во текот на кампањата имавме средба.“, рече Села на ТВ21.
Исто така и Арјанит Хоџа од Движење Беса пред две недели рече дека е против политиките на Апасиев кои ги нарече антиамерикански и антиалбански.
„Јас сега за првпат кажувам дека ново парламентарно мнозинство и со гласови кои зависат од една партија како што е Левица која во својата програма има антиамерикански пристап, анталбански, ние не можеме да влеземе и да разговараме и не можеме да дозволиме таква власт која зависи од политичка партија која е деструктивна и која знаеме во кој правец ќе ја одведе државата.“, вели Хоџа.
Иако Африм Гаши седна на таа маса, ниту политиките на Алтернатива не се совпаѓаат со политиките на Левица. Дури откако се потпишаа за уривање на владата, еден пратеник кој сакаше да остане анонимен, за ТВ21 рече дека е измамен бидејќи не знаел дека дел од оваа иницијатива ќе биде и Апасиев, објави ТВ21.