ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Среде заглушувачката врева од испуканите балони

Правда! Тоа е во устата и под прстите на тастатурата на политичарите и нивните онлајн војски. Јунаци. Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери

November 8, 2021 09:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тешко време за фактите и вистината. Македонските граѓанки и граѓани се растргнати меѓу пропагандата и точните информации, теориите на заговорот и вистинските настани. На Мицкоски и неговиот гротескен политички ентураж им е важна само власта. Овие денови покажаа незнаење, а уште повеќе ароганција, опиени од трескавичната потреба да се доберат до власт.

Ниту еднаш не покажаа дека поседуваат знаење, а уште помалку покажаа почит за законските рамки во кои ќе се движи нивниот поход на фотелјите. Што е за очекување. На 27 април тие беа „уставобранители“, а не уривачи на Уставот и терористи.

Таква опсесија со моќта на функциите е навистина интересен феномен. Вреди со тоа да се позанимаваат научниците од повеќе области. Веројатно и стручњаци од областа на медицината.

Да ја оставиме за миг медицината и психијатријата, па да видиме што им се случува на „јунаците“ во оваа политичка драма со силни примеси на шпионски трилер.

Мицкоски е растргнат

Овој јуриш кон позициите на централната власт испадна покомплициран од тоа што го замислуваа жедните за власт. Опиени од успехот на локалните избори што, според бројките, не ги добија, туку СДСМ ги изгубија, тие полека се соочуваат со реалноста.

Мицкоски е растргнат. На едното рамо му натежнале три албански партии со кои сличноста завршува само кај жедта за власт, но без кои не може ни да замисли ваков поход на власта. На другото рамо му чучи непријатниот мал приврзок, радикално десничарската Левкица – радикално неспособна да се смири и да дејствува разумно и нормално.

А пред него стои исправена огромната (морална) планина која му го загорчи политичкиот живот (не само нему, туку и на многу други): оставката на Зоран Заев, кој на својот грб ја понесе одговорноста за неуспехот на локалните избори.

Гротеската продолжува. Убијците, заедно со дел од своите жртви (дел, затоа што жртви беа многу повеќе луѓе), јуришаат на власта.

Фејсбук е единствениот национален медиум… И „крвава“ арена

Луѓето се наелектризирани и крајно поларизирани, едни се исплашени, други сега се будат, а трети фаќаат сеир. Партиските волови и јунци на „победничката страна“ стискаат тупаници и пцујат. Некој да застане и да им каже на луѓето што навистина се случува, кои се законските можности, што е планот, кои се перспективите – не. Тоа никако. Тоа е непотребно. Може да го пукне и последниот балон. Потребни се тензии, а не информации.

Фејсбук е единствениот национален медиум од кој сѐ се соопштува, од кој сите се информираат и на кој сите (секакви) мудруваат, анализираат. Истовремено и уште повеќе, Фејсбук, заедно со Твитер и ТикТок се „крвава“ арена каде што се истура незамисливо тежок простотилак и омраза.

Неинформирани луѓе најлесно се манипулираат. Ако притоа се прости и вулгарни, уште повеќе. Без никаков срам, навредуваат семејства, жени и ќерки, се закануваат со грозни убиства. За што?

За правда ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат

Правда! Тоа е во устата и под прстите на тастатурата на политичарите и нивните онлајн војски. Јунаци. Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери. Политичарите, пак, ниту еднаш сите овие години (децении) не излегоа со, барем неколку секунди долга, изјава во која бараат нивните симпатизери да покажат малку, само малку, повисоко ниво во јавната комуникација. Што значи тоа, лесно може да се заклучи.

Среде заглушувачката врева од испуканите балони, никој не мисли на законите, процедурите и демократските стандарди. Кој кога може, мора или треба да поднесе оставка, кога почнува и како тече процесот, што се случува потоа, ако воопшто нешто се случи. Овде-онде по некој новинар или новинарка ќе се сети да напише нешто за тоа, но отприлика таму завршува сѐ. Законите, стандардите и вредностите се здодевни, дајте турбо фолк! Многу важни работи се случуваат во земјата, кој има време за закони и за демократски стандарди, за политичка култура и за вредности?

А што ќе се прави зимава, со енергетска, финансиска, климатска и каква сѐ не друга криза, никој воопшто не зборува. Или не беше така? Ах, да, Мицкоски им даде налог на градоначалниците што и како да работат. Дека така треба во демократија, шефот на партијата да пали и гаси светло секаде.

Сега е 8 часот наутро. Добра ноќ. И со среќа.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
Next Post

Села: Не се согласувам со ставовите на Левица и немам контакт со Апасиев

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk