Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, на социјалните мрежи го сподели широко познатиот факт за транспарентноста на македонската влада, предводена од Зоран Заев, која постави нови стандарди во однесувањето на една влада кон јавноста, на регионално ниво, но и пошироко. Тој напиша:
„Новата влада, без разлика кој ќе биде премиер, тргнува од нулта позиција: НАЈТРАНСПАРЕНТНА ВЛАДА ВО РЕГИОНОТ. Тоа е стандардот веќе четврта година по ред.“
Тоа што го напиша Забрчанец е потврдено од низа релевантни домашни и меѓународни извештаи од мониторингот, како и јавни признанија упатени на адреса на македонската влада во изминатиот период.
Во најтешкиот период за јавното здравје, пандемијата од КОВИД-19, владата успешно ја подобри дигиталната комуникација, а потоа продолжи да ги користи и подобрува алатките со кои се постигна транспарентност каква што нема во регионот. Владата на Заев и тимот на Забрчанец успеаја први во регионот, ако не и во Европа да воведат прес-конференции преку онлајн видео врски, во кои учествуваа новинарите со директни прашања. На тој начин, новинарите од целата земја добија можност за директна комуникација со Владата. А тоа е само еден од бројните примери.
И навистина, кој и да го наследи премиерот Заев на неговата функција, ќе биде многу тешко да ги смени практиките на максимална транспарентност во работењето, а тоа да помине незабележано во јавноста.