Утрово, „видно“ вознемирен, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески на својот фејсбук профил објави дека Финансиска полиција „упаднала“ во „неговиот“ дом да врши претрес. Поточно, Јаулески напиша: „Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“.
Но, тоа е лажна информација. Станот не е негов, туку на неговиот татко, Радослав Јаулески. Претресот на Финансиска полиција се одвивал во станот на Радослав, кој живее во стан 17. Финансиката полиција соопшти дека Јаулески не е цел во акцијата на финансиската полиција туку неговиот татко му, кој работи во ЕВН, а се работи за предистражна постапка која се спроведува во координација во Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за извршени сомнителни трансакции на пари помеѓу ЕВН и повеќе физички лица.
Во документите до кои дојде Фронтлајн, може да се види дека пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ не живее во тој стан, туку на истата улица, а закупец и плаќач на станот е Собранието (поточно граѓаните кои месечно плаќаат 330 евра закупнина). Дополнително Јаулески зема и патни трошоци за патување до Струга.
Пратеникот кој е по потекло од Струга има пријавено живеалиште во Скопје, на иста улица, но бројот на стан е друг, поточно 19.
Од Управата за финасиска полиција за неколку медиуми ја демантираа ФБ објавата на Јован Јаулески.
„Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома ниту, пак, кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени во ‘ЕВН електрани’ ДООЕЛ и ‘ЕВН Македонија’ АД Скопје“, велат од Финансиска полиција за 360 степени.
Освен кај таткото на Јаулески, се правеле претреси кај повеќе лица и во Скопје и во Делчево.