Eкспропријацијата за првата фаза од изградбата на автопатска делница од Скопје до Блаце е целосно завршена и според динамиката на работа се очекува тој дел од автопатот да биде завршен до средината на средната година, а да биде распишан тендер за втората фаза, информира денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
На терен се во тек асфалтерски работи кои, посочи Бочварски, се одвиваат со одлична динамика. Дополнително, се работи на ископи, канали и бетонирање на други објекти. Временските услови се добри што ни даваат оптимизам дека работите ќе продолжат позасилено и во следниот период, рече Бочварски при увид на активнсотите за израдба на автопатот.
Завршени се, како што нагласи, 48 проценти од работите на оваа делница, што е со проектирана вредност од 14,2 милиони евра./МИА/.







