Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалцијата.
Од запишаните 19.211 лица со право на глас, на 27 гласачки места ова право го оствариле околу 45 отсто.
За Дука гласале 4284 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, подржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4148 или 48,11 отсто. /МИА/.