ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Влез во објектите само со сертификат за примени две дози вакцина или со потврда за прележан Ковид

November 15, 2021 08:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска за влез во објектите потребен е сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат.

– Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, соопштија вчера од Министерството за здравство, откако објавија за новите измени за влез во објекти.

Министерот за здравство Венко Филипче во петокот изјави дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните се сосема доволни, но дека треба да се почитуваат. Носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, како што посочи Филипче, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата.

– Остануваме засега со истите мерки и апелираме сите да се придржуваат до нив. Доаѓаат семејни слави и апелирам граѓаните и оваа година како и претходните, ако можат да не ги организираат или да ги организираат во помал семеен круг. Сепак такви поголеми собири каде не се почитуваат мерките се ризик за епидемиолошката состојба да се влоши, рече Филипче.

Според вчерашните податоци, регистрирани се 285 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.667 тестирања. Речиси половина од новите случаи се во Скопје – 110, по што следат Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Починати се пет лица од кои по двајца од Скопје (72г и 91г) и од Велес (72г и 87г), а едно починато лице е од Берово (79г). Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин пријавени се три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.277 заболени. Оздравени се 193.400, а починати 7.328. Бројот на активни случаи е 8.549. /МИА/.

Next Post
Фото: МИА

Османи во дводневна работна посета на Брисел, најавена средба со Стоев

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk