ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во дводневна работна посета на Брисел, најавена средба со Стоев

November 15, 2021 08:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска престојува дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки на покана на претседавачот со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, неговиот грчки колега Никос Дендијас, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ.

Како што соопшти МНР, на маргините на министерскиот состанок, Османи ќе има одвоена билатерална средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.

Програмата на посетата на Османи предвидува и учество на дебата „Дискусија за иднината на Европа – перспективи и придонеси од Западен Балкан“. Настанот е инициран од Османи во рамки на новиот формат „Б6“, лансиран во Охрид на маргините на „Преспа форумот за дијалог“,во соработка со Колеџот на Европа од Бриж.

– Целта на иницијативата е министрите за надворешни работи од Западен Балкан, заедно со копретседавачите на Конференцијата за иднината на Европа, потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица, европратеникот Ги Верхофштад и државниот секретар на МНР на Словенија, Гашпар Довжан, да дадат инклузивен и сеопфатен придонес во пошироката европска дебата за еден од најважните проекти на ниво на ЕУ – Конференцијата за иднината на Европа, се наведува во соопштението.

Агендата на Османи во Брисел опфаќа и средби со високи претставници на европските институции, меѓу кои и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

Во програмата се предвидени и средби на Османи со високи официјални претставници на Европскиот парламент, меѓу кои со копретседавачот на Заедничкиот парламентарен комитет  ЕУ – Северна Македонија, Андреас Шидер, со известителот на Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук, како и со координаторот во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), Михаел Галер.

– Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, регионалните случувања и политичките актуелности во државата. Фокусот на Османи ќе биде ставен на реафирмација на силната проевропска програма на Владата, определеноста за унапредување на добрососедските односи и продолжувањето на реформските процеси со ЕУ предзнак, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи. /МИА/.

Next Post

Вториот блок на РЕК Битола од ноќеска повторно вклучен во електроенергетскиот систем

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk