ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Гласачкото ливче за појадок, ручек и вечера

Проценките на Кастриот Реџепи излегоа попаметни од зовриените – па оладени – амбиции на целиот опозициски фронт, вклучувајќи ја и „брзата птица тркачица“ Заев со најавата за својата премиерска оставка

November 16, 2021 09:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Како што стојат работите по изборите во Бугарија, конечно, со „трета среќа“, таму најверојатно ќе се создадат услови за формирање на политичко „правителство“. Важно е тоа за граѓаните на нашиот источен сосед, бидејќи со гласачка излезност од околу 40% и на бугарските политичари им е совршено јасно дека довербата во системот е веќе падната под секакви критични демократски нивоа. Третиот вонреден изборен циклус во само една година ќе остане запаметен по жената што на гласачкото место, јавно, во знак на протест, буквално го изела гласачкото ливче!

Што се однесува до нас, најавите на двата главни кандидати за формирање влада во Софија – и ГЕРБ и оние, новите, од „Промената продолжува“ – се подобри отколку што навикнавме во целата измината година. Бугарија беше изложена на потсмев и притисоци од сите нејзини важни западни меѓународни партнери, бидејќи ставовите и причините за евро-интегративната блокада навистина ѝ беа „живковистички“, дури и под изговорот за негувањето на нашиот „титоизам“ кон неа.

А и Каракачанов неславно замина во актуелната бугарска политичка историја. Едвај надмина 1% од гласовите. Еден професионален провокатор помалку.

Со тоа се отвора реална шанса за поинаков пристап кон крајов на декември во ставовите на Софија за отворањето преговори на Македонија и Албанија со ЕУ. Додуша, никој овде веќе не сака да се залетува со поволни прогнози и позитивни пораки, бидејќи досегашните проевропски разочарувања, по сите братски целувки и здравења се толку големи што не остана енергија ни за обични пријателски насмевки, а не па оптимизам.

Викендов го гледав и интервјуто на Еди Рама за ТВ Франс 24/RFI, кој „кисело“ одговараше на двете дами во студиото за европската иднина на неговата земја, прогласувајќи се за „колателарна штета“ на бугарскиот спор со историјата, а уште повеќе со сегашноста. И Тирана е во невесело исчекување, без преголема надеж дека во Брисел некој има сила, па и желба за дефинитивно испорачување на ветеното.

Парадоксално, можеби оваа општа разочараност е вистинската атмосфера за постигнување некаков договор за почеток на договарањето околу спроведувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Скопје и Софија. Ако е до Борисов, тој пред третиот изборен циклус веќе предварително најави, во својот шарлатански стил, дека за целиот меѓународен срам што падна врз Бугарија со Македонија е виновен Радев и само Радев, по што тој би бил приморан да прави отстапки кон Скопје, доколку повторно му се пружи премиерска шанса по изборите… Првенците од „Промената продолжува“, пак, имаат многу посериозен пристап: според нивните најави, историјата треба да престане да биде единствената рамка за односите со нивниот западен сосед – бизнисот, трговијата, културата итн. се содржините што мора да го водат прогресот во меѓусебните односи… Е, ајде де!

Во секој случај, како и да заврши оваа епизода во македонско-бугарските односи, ваквиот развој на настаните потврдува дека авантурата со соборувањето на сегашната Влада во Скопје ќе беше политички „луксуз“ што никому овде не му е потребен. Проценките на Кастриот Реџепи излегоа попаметни од зовриените – па оладени – амбиции на целиот опозициски фронт, вклучувајќи ја и „брзата птица тркачица“ Заев со најавата за својата премиерска оставка.

Време е овде да се смират страстите. Редоследот е: Буџет, Бугарија, пандемија и енергија… Па, од пролет, повторно општа тепачка за пратеници, гласови и власт.

Во меѓувреме е упатно да се следи здравствената состојба на госпожата што си го изеде гласачкото ливче на изборите во Бугарија, за да видиме дали и таа опција ќе ни стои на помасовно располагање.

 


Преземано од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
John Dempsey

Соседи

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk