Почитувани граѓани, почитувани новинари, на површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра, изјави Славјанка Петровска од СДСМ на денешната прес-конференција.
„Прашањето на кое одговор треба да даде истрагата е дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец?
Според информациите во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.
Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски.
Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.
Ова е Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, вреден неверојатни 500.000 евра!
Го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори:
Каква е неговата поврзаност со овој скандал?
Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор?
Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?
Затоа ли брзавте да изгласате недоверба? За да го скриете овој скандал?
Јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност.“, рече Петровска.