ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Корнхаузер-Дуда: Ги охрабрувам лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат

November 19, 2021 16:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните месеци живееме во натпросечна и тешка ситуација предизвикана од коронавирусот. Тој е непријател кој напаѓа во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека е најважна меѓународната соработка, бидејќи само со помош на таа соработка можеме да се бориме со коронавирусот, изјави Агата Корнхаузер-Дуда, сопруга на полскиот претседател, која денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче и првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, го псоетија Институтот за транфузиона медицина, каде од вчера се складирани 200.070 вакцини „Фајзер“, донација од Полска.

Корнхаузер-Дуда рече дека ги охрабрува лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат.  

Ѓоргиевска изрази благодарност до полскиот народ за донацијата и ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што рече, засега само вакцината е единствениот излез од оваа ситуација.

– Ова не го сфаќам само како чин на пријателство меѓу македонскиот и полскиот народ. Ова всушност е еден зрак на солидарност кој ни е потребен во овие тешки денови на една глобална криза. Во изминативе две години верувам дека секој од нас беше во контакт со некој што беше болен од Ковид. Верувам дека голем број од нас загубија блиски, роднини и пријатели и сметам дека со оглед на сите податоци што постојат, вакцината и засега само вакцината е единствен излез од оваа ситуација. Затоа би сакала да Ве охрабрам сите кои немате примено вакцина, пред се заради себе, заради вашите блиски и сите во околината, да ја примите што е можно побрзо бидејќи повторно се соочуваме со големи бројки секојдневно, истакна Ѓоргиевска.

Министерот Филипче се заблагодари за донацијата и посочи дека пандемијата во изминатите две години покажала колку всушност е важна солидарноста и помошта.

– Многу земји меѓусебно си помагаа. Полска беше една од првите, ако не и првата земја, која го најави механизмот на солидарност и донација на вакцини, после тоа Австрија ја презеде таа улога како земја која ја координираше донацијата на вакцините преку системот на Европската унија. Со оваа значајна количина од 200.000 вакцини на „Фајзер“ нашите количини во овој момент речиси се дуплираат. Имаме на располагање 270.000, а заедно со овие имаме 470.000 вакцини. Сосем доволно за краток временски период согласно новите мерки кои верувам дека Владата ќе ги усвои, граѓаните да се вакцинираат со цел значајно да се намалат ризиците повторно да растат бројките, повторно да се соочиме со голем број, а со тоа сериозно да се оптоварат болнциите, рече Филипче.

Верувам, додаде, дека граѓаните ќе сфатат дека сите овие мерки кои не е лесно да се препорачаат, се неопходни да го заштитиме здравствениот систем и здравствените работници кои неуморно работат речиси две години, а ние пренаменуваме и други одделенија во ковид – центри со цел да се заштити државата и здравствениот систем. /МИА/.

Next Post

Георгиевски: Мицкоски и Боби велеа во Гази Баба не се реализирало ништо, а сите слики и промоции се наши проекти

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk