ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Напредокот оглупавува

November 21, 2021 10:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не знам дали сте забележале, почитувани пријатели, дека на просторот на сите дискусии, до вас не стигнува ниту еден глас кој почнува со „не знам точно… не знам… не стигнав да прочитам добро… кој би го запомнил сето тоа… немам време за читање… нешто знам, но недоволно…“

Сте виделе ли некој да се замисли, да направи мала или малку поголема пауза, да даде знак дека мисли, дека вложува некаков напор, дека ја става сивата маса и сетот на емоции и сеќавања на најјако, со некоја баналност или вообичаеност да си даде време да смисли нешто разумно.

А од тоа би требало да се почне.

Само, кој би се осмелил.

Би можеле така да почнат, но сите одеднаш, откако претходно ќе си дадат чесен збор!

Обликот на соопштувањето на мислите од најстарите времиња е ист – не подлежи на еволуција –  тоа е секогаш ист ред на зборови што летаат преку хартијата или екранот.

И таа пантличара од зборови веќе стигна до сонцето.

Зошто не викнат дека тоа ги надминува нивните моќи.

Вели Гомбрович во својот „Дневник“.

Со мали дополнувања на мојата маленкост.

Тоа, се разбира, не значи дека сите знаат сѐ.

Обратно, тоа покажува дека сите не знаат ништо.

Или речиси ништо.

Можеби само што треба да прават за да изгледа дека знаат сѐ.

Како да се спаси светот од климатските промени?

Така што првин ќе се спаси од Заев.

А како да ја убиеме короната?

Така што првин ќе го убиеме Заев.

А како да обезбедиме правда за сите?

Така што сите што го прекршиле законот, независно дали се мои сопартијци или роднини и пријатели, ќе одговараат.

Да, но така ќе останете без партија, а можеби и без себе, го прекршивте ли вие законот кога ги градевте хидроцентралите или кога ги продававте или кога бевте член на најтесното раководство на најголемата злосторничка инсталација во историјата на повоена Европа, нели ви е непријатно да столувате во ова чудовиште од зградурина и да зборувате вака кога дури и прашината по вашите дебели теписи е украдена?

Не.

Што не?

Овие последниве прашања никој не ги поставува.

Рецитаторското присуство на некои личности во јавниот простор е ментален тероризам.

Кој крупни парчиња од нацијата го прифаќаат како чоколаден сладолед, го лижат и лапаат со сласт затоа што имаат чувство дека нивните проблеми исчезнуваат во слатката одвратност на политичкиот ретард.

Што им се лизга низ синапсите.

Како спас на човекот кој таа илузија ја купил така што дозволил да стане глупав.

Тоа функционира во фантастична хармонија со слушателите и гледачите.

Темелно оглупавени низ терористичкиот ментален дрил на медиумите и на осакатената политичка и интелектуална елита која на тие медиуми се јавува во двојно својство: да изгледа како да знаат сѐ и да го држат народот на нивото на кое тој ќе верува дека овие знаат сѐ.

Така се форматираат интересите и капацитети и на едните и на другите.

Колку е светот понапреден, ние сме поглупави.

Напредокот ни овозможува да бидеме поглупави.

Дури и ја препорачува глупоста како критериум за успех во животот.

Алстерскиот институт за социолошки истражувања утврдил дека коефициентот на интелигенција кај луѓето во Северна Македонија е најнизок во Европа, односно изнесува 82 што според научните мерила значи дека сме во групата на едвај забележлива интелигенција, односно дека сме „незабележливо интелигентни“ (70-90 ајкју).

Хахаха!

Отсекогаш сум имал резерви кон колективните оценки за народите, но овој пат резултатите од Алстер се совпаѓаат со моите согледувања. Тие резултати веројатно имаат и одредени, ајде да ги наречеме, природни извори, но, според моето длабоко убедување, пред сѐ, се плод на радикалната деградација на човекот остварена во блиската средба на најдолните страсти и најниските и најбаналните интереси со политиката, со амбициите и разните апетити, залутани на бирократските маси на чиновниците, во овоплотувањето во функција, занимање, работа, навлезена во мрсните шепи на простата маса, неосетлива на мака. Радикалноста на идеја за државата која дава сѐ и должна е да дава сѐ, мораше да подлегне во уситнетоста во многу полумрачни и нечувствителни умови за да породи ваква радост во репетето на злото викано вмро. Во разградувањето на сериозноста и строгоста на државата и раѓањето на претставата за државата, во партиското истиснување на државата во која народот се разочарал. Односно го разочарале на интензивните вморонско-медиумски курсеви по разочарување. Во дебатните и информативни емисии за кои нацијата нема штоф. Едно исто парче значење, скромно што поскромно не може да биде, го крои, шие, распарува, па пак шие….

Во принцип може да се каже дека човек не може да биде вморон и да има поголем коефициент на интелигенција од едвај забележителен. Говориме за таканаречениот народ. Поголем коефициент можат да имаат оние кои ја користат оваа темелно заглупавувачка платформа за лични профити или за уништување на Македонија како комунистички проект односно како национален и државен субјект. Макар што би можеле да ја ставиме на маса дилемата: дали добар дел од народот е глупав затоа што е за вмро или е за вмро затоа што е глупав?

Во делтата на македонската катастрофа се слеваат бројни краци, но големата Парана е вмро.

Не дпмне.

Вмро.

Еве, на крајот, три статусчиња објавени на ѕидот на најсмртоносната платформа:

Зошто е добра, до фантастична, победата на вмро-дпмне на локалните избори?

Затоа што на категоричен начин ја предупреди меѓународната заедница на „опасноста од ширење на антизападни политички влијанија конкретно од Русија и од Кина“ (од писмото на американските конгресмени до бугарскиот амбасадор во Вашингтон) односно го обедини западниот свет во барањето да се крене бугарската блокада пред интеграциите на Македонија и Албанија во Европската унија.

Така што, фала вмро-дпмне, тенкју Линке, фала големо на Жмицко и на брадестото говно на точак, Татковината тоа никогаш нема да ви го заборави, ќе ви изгради споменик во форма на септичка јама со дрвена кабина на националниот нужник на кој ќе пишува: Овие говна ја спасија Македонија.

Дури и од мене Македонија знае да направи горд роб на својата сила и слава.

Особено кога дава свечени и правно обврзувачки изјави дека нема територијални претензии.

Тоа значи дека во очите на загрозените ние сме, односно можеме да бидеме, опасна, агресивна, окупаторска, моќна држава…

Аруба која има амбиции да ја анектира Јужна Америка.

И како да не ти е драго што си клетка на еден таков организам.

И тоа со сменето име, знаме, устав.

И химна на чекање за менување.

Можете ли да ја замислите мојата гордост кога сите тие гребнатинки врз убавината и силата на мојата сакана Татковина, ќе ги покрие со својата смрдеа говното што се витка во национален мафин од левица кон десница. Или лепешката што Македонецот обожава да ја носи како капа понеже на челото ѝ пишувало: вмро.

Добар човек лоциран во катастрофа.

Општи со бездна.

Зоран Заев.

Не ми е непријатно.

Кој ве ебе!

Вие сте удавот што го дави.

Бие сте бездна.

Тој е вашиот последен залак.

Умрете.

Пичка ви лепа материна.

Глупантропска.

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk