ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Дезинформација е дека ковид-19 не е дефиниран вирус

November 22, 2021 22:49
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Сарс Ков 2 корона вирусот. Фото: MRC Лаб. за молекуларна биологија. Nature, август 2020 г. CC-BY-NC-ND 4.0 меѓ. лиценца

Сарс Ков 2 корона вирусот. Фото: MRC Лаб. за молекуларна биологија. Nature, август 2020 г. CC-BY-NC-ND 4.0 меѓ. лиценца

Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук објава лажно тврди дека ковид-19 не е дефиниран вирус, туку дека станува збор за авиони кои прскаат отрови и живи вируси. Ова, се разбира, не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:

Ковид 19 не е дефиниран вирус туку агенда која вклучува хемиско прскање на тешки метали бактерии живи вируси, графен оксид, разреден боен отров сарин и многу други гадни супстанци од авиони.

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.

Коронавируост за прв пат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека генетскиот материјал РНК, на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето.

Во март минатата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19.

Ковид-19 или SARS- CoV-2, претставува дефиниран вирус. Tој според својата геномска структура припаѓа на родот бета-корона вируси. Сите хумани бета-корона вируси (SARS-CoV-2, SARS-CoV, и MERS-CoV) имаат слични карактеристики, но имаат разлики во нивната геномска и фенотипска структура, што ја менува патогенезата, односно симптомите и знаците на заболувањето, како и неговата сериозност.

Постојат повеќе извори и научни студии кои докажуваат дека вирусот SARS-CoV-2 e изолиран, но исто така е направено и комплетно секвенционирање на геномот на вирусот. Тоа значи дека комплетниот генетски материјал на вирусот причинител на ова заболување е изолиран од назофаринксот на пациент и е докажано неговото постоење, како и неговиот уникатен генетски материјал кој тој го содржи, вели за „Вистиномер“ доктор Иле Кузманоски од Здружението на лекари специјализанти.

Тој додава дека вирусот и не е толку невидлив и непостоечки причинител и дека за тоа постојат и фотографии направени со електронски микроскоп на изолирани вирусни партикли од заболен пациент, со кои и визуелно се докажува постоењето на овој вирус, како причинител на ова заболување.

Доктор Кузманоски објаснува дека начинот на кој се пренесува ковид-19 e преку изложеност на респираторни секрети во кои се наоѓа инфективниот агенс – вирусот. Заразувањето може да се случи на три начини. Преку инхалација на ситни респираторни капки и аеросолни партикли, депозиција на респираторните капки на слузниците на носот, устата и очите, како и преку допирање на слузниците со раце кои предходно биле во контакт со вирусните честички. Ризикот за трансмисија е поголем на растојанија помали од 2 метри. Постои студија која вели дека ризикот за трансмисија на овој вирус изнесува 12.8%, доколку физичката дистанца е помала од 1 метар, додека ризикот на трансмисија се намалува на 2.6%, на дистанци поголеми од 1 метар.

Исто така и други фактори влијаат врз трансмисијата на вирусот, како на пример, затворените простории, пролонгирана експозиција над 15 минути, како зголемено вдишување при физички напор.

Тоа значи дека тврдењето дека ковид-19 доаѓа од авионите е бесмислено и нелогично.

Ова не е прв пат да се манипулира дека авионите не прскаат со хемикалија, позната теорија на заговор во светот наречена „Кемтрејл“.

Изразот е скратеница од англиските збори chemical и trail односно хемикалија и патека. Теоријата на заговор за „кемтрејл“ го преставува верувањето, кое е неточно,  дека патеката односно белата трага која што ја создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“.

Со оваа шпекулативна теорија се тврди дека ова хемиско прскање се случува за повеќе цели, како контрола на сончевото зрачење, модификација на временските услови, психолошка манипулација, контрола на човечката популација, биолошка или хемиска војна, тестирање на биолошки или хемиски агенси врз популација, како и дека патеките предизвикуваат респираторни заболувања и други здравствени проблеми.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода односно кондензација која ја оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови. Истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои, исто така, проучувале вакви заговорнички теории „не виделе ниту еден веродостоен доказ дека ‘кемтрејлс“ постои“.

Доктор Кузманоски вели дека саринот, кој што се спомнува во објавата и се поврзува со коронавирусот, е отров што дава симптоми кои главно се манифестираат врз нервниот систем во вид на тремор, конвулзии/грчеви, како и мускулна парализа, додека ковид 19, предизвикува симптоми претежно од страна на респираторниот систем (за што постојат докази, за карактеристични лезии на компјутерска томографија на бели дробови).

Саринот како отров, предизвикува гушење, но истото најчесто е резултат на парализа и неможност за контрола на мускулите кои се одговорни за процесот на дишење, како и спазам на дишните патишта, а не на директно оштетување на белодробниот паренхим. Од друга страна труењата со тешки метали даваат предоминантно гастроинтестинални и невролошки тегоби, а труењето со нив лесно може да се докаже во примерок од различни телесни течности (урина, плунка, крв), додава Кузманоски.

Од ова произлегува дека ковид-19 нема баш никаква врска со некакво воздушно масовно труење со опасни смртоносни отрови. Оваа манипулативна објава има за цел само да шири паника и страв меѓу граѓаните преку изнесување на дезинформации кои што немаат врска со реалноста, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

СДСМ: Богоев на Канал 5: Најважно е стабилно парламентарно мнозинство кое ќе се справи со предизвиците

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk