Вандали ноќеска ги искршиле двојазичните табли во двата влеза на зградата во која се сместени подрачните единици и канцелариите на повеќе државни институции. Искршени се таблите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравство како и таблата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пренесува Публикум.
Вандалите не ги поштедиле ниту двојазичните табли поставени во другиот влез од објектот, во кој се сместени канцелариите на УЈП – Регионална дирекција Прилеп, Централен регистар, Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделие. Освен таблите, сторителите го искршиле и стаклото од влезната врата.
Случајот е пријавен во полиција, а екипи на ОВР Прилеп извршиле увид на местото на настанот.