Строгите диети кои го ограничуваат вносот на одредени хранливи материи го продолжуваат животот и ја намалуваат можноста за болести поврзани со возраста. Ова го посочува истражување спроведено на животни. Овој „ефект на подмладување“ може да се поттикне и со лекови, но сепак, досега нема клинички докажани диети или лекови против стареење, а научниците сè уште не ја утврдиле нивната безбедност.
Во 1917 година, списанието „Сајенс“ го објави првиот труд кој покажува дека ограничувањето на калориите од стаорци може да го забави развојот на животните, продолжувајќи го така нивниот животен век. Повеќе од 100 години подоцна, истото гласило објави преглед на уште едно обемно истражување за ефикасноста и безбедноста на диетите, кое тврди дека го забавуваат процесот на стареење. Диетите вклучуваат не само ограничување на калориите, туку и строго ограничување на вносот на јаглени хидрати, протеини или некои аминокиселини. Повеќето од овие режими имаат корисно влијание врз здравјето и стареењето преку ефектот врз метаболизмот што е ист кај луѓето, глодарите и габите.
Сепак, за некои луѓе со одредена генетска структура или под одредени услови на животната средина, диетите може да бидат и штетни за здравјето.
Кога истражувачите го ограничиле вносот калории за глувците и стаорците – притоа обезбедувајќи ги сите основни хранливи материи што им се потребни, животните биле поздрави и нивниот животен век се зголемува во споредба со животните кои се хранат со редовна лабораториска исхрана. Покрај тоа, глодаритте „на диета“ имаат намалена инциденца на болести поврзани со возраста, вклучувајќи рак, невродегенеративни и срцеви нарушувања и дијабетес тип 2.
Постои јасна причинско-последична врска меѓу вносот калории и очекуваниот животен век кај животните, со до 50 отсто ограничување на калориите… Животните кои ги почнуваат овие диети додека се млади, имаат најмногу придобивки.
извор: МИА