ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јовески: Делот кај моторот од aвтобусот воопшто не е зафатен со пожарот

November 25, 2021 21:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

 

Кога бев на местото на настанот имаше четири пластични туби кои што беа празни и воопшто не беа оштетени. Тубите беа позади автобусот, но истражителите ме известија дека тие биле во просторот кај моторот, каде што е сместен акумулаторот и врз него има празен простор и тука се наоѓале тубите. Тој дел од автобусот е најмалку оштетен, делот кај моторот воопшто не е зафатен со пожарот, истакна вечерва главниот јавен обвинител Љубомир Јовески, додавајќи дека и бугарскиот јавниот обвинител кој го води случајот денеска ги демантираше околностите дека во овие туби имало нафта.

Околу утрешната посета на бугарските истражители, Јовески во интервјуто за ТВ Сител наведе дека првенствена цел на посетата на истражителите и на еден јавен обвинител е да се подигнат материјалите од Судска медицина кои се земени од роднините на загинатите и извршените ДНК анализи, кои потоа ќе се компарираат со обдукцијата на загинатите лица во Бугарија и нивната ДНК анализа.

– Целосно е завршено земањето на материјал и извршени се ДНК анализите. Јас имам уверување од директорот на Судска медицина дека утре најкасно до 12 часот овие материјали ќе бидат комплетно обезбедени за да може да им се предадат на истражителите од Бугарија. Верувам дека тоа ќе биде брзо. И бугарската и македонската страна работи на тоа што побрзо да бидат пренесени остатоците во земјата и да бидат предадени на нивните блиски. Утврдувањето на идентитетот на загинатите во незгодата нема да трае долго. Очекувам во следните неколку денови тој процес да заврши. Јас имам информација дека обдукциите во Бугарија се завршени, извршени се ДНК анализи на загинатите. Таму ќе треба само тие податоци да се споредат, верувам дека тој процес нема да одземе повеќе од неколку денови, истакна Јовески.

Околу информацијата дека автобусот го напуштиле осум патници, тој рече дека според изнесеното од едниот од патниците кои се во болница, тоа е точно.

– Да точна е информацијата дека автобусот го напуштиле осум патници, тоа е информација од патникот кој што беше во болницата и којшто фактички го скршил задното стакло на автобусот, беше кажана таква информација, но тоа е сепак само негово забележување, јас верувам дека овие факти, овие околности ќе се уточнат врз основа на материјалните траги, рече обвинителот.

Тој наведе дека има информација оти патниците во тие четири автобуси, кои заедно заминале на патувањето, често ги менувале своите седишта, односно некои од нив од еден се префрлувале во друг автобус, во моментот кога застанувале на бензинските станици или да одмараат.

Јовески додаде дека на местото на несреќата се сретнал со сопственикот на компанијата „Беса транс“, но не разговарал со него во врска со несреќата, бидејќи се уште не знаат какво ќе биде неговото својство во постапката.

Тој посочи дека на бугарските обвинители им ветиле дека ќе ја обезбедат целата потребна документација за постапката.

– Од фирмата „Беса транс“ е запленета целата документација што тие ја имале во делот на ова патување за четирите автобуси. Одземени се компјутерите на кои треба да се изврши вештачење. МВР постапува во делот на регистрацијата на ова возило, Царината во делот како го напуштило и како е евидентирано ова возило на граничниот премин, а Министерството за транспорт за документацијата за давање на лиценците за оваа компанија за вршење на транспорт и колку автобуси и кои автобуси се пријавени. Бугарските обвинители ќе побараат од нивните гранични термини, колку автобуси, кои патници се евидентирани на граничниот премин, веќе ги обезбедија камерите кои што може да помогнат во оваа ситуација, нагласи Јовески. / МИА/

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Спасовски: Владата формираше тим за организирање превоз на жртвите од автобуската несреќа од Бугарија

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk