Во Софија е уапсен 24-годишен маж поради непристојни коментари на Фејсбук, поврзани со автобуската трагедија во близина на Боснек, на автопатот Струма, соопшти бугарското МВР, а пренесе БТВ.
Мажот на Фејсбук објавувај неприкладни коментари, спротивни на етичките и моралните норми. Против него ќе биде спроведена истрага за ширење на говор на омраза врз нацонална основа.
Казната за вакви дела е затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.