Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против европскиот првак Италија во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2022 во Катар, одлучи денешната жрепка во седиштето на ФИФА во Цирих.
Македонските фудбалери
Преостанатите полуфинални бараж дуели се Шкотска – Украина, Велс – Австрија, Русија – Полска, Шведска – Чешка и Потугалија – Турција.
Пласман на Светското првенство од Европа досега обезбедија Германија, Данска, Франција, Белгија, Шпанија, Англија, Швајцарија, Холандија, Хрватска и Србија.
Светското првенство во Катар е на програмата од 21 ноември до 18 декември идната година, а жрепката за групната фаза е закажана за во април.