ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Лаура 

November 26, 2021 20:00
in ZOOM IN, УМЕТНОСТ
Петрарка, Геро

Петрарка, Геро

Share on FacebookShare on Twitter

Франческо Петрарка 

220.
О, љубена моја, кажи го те молам крајот
На златната ти свилена коса?
А, румената ти ружа, дал растела во рајот,
Што така занесно обравчиња ти роси?

Забите ти бисер и устата ти мала
Ги зеде, кој знае, од езеро жива;
А убавината, кажи, од кај ли паднала
На мраморното ти чело, кое венец скрива?

Ангелите дал ја пеат таа песна во рајот,
Љубов што носи, ил солзи леат, росат
За огромната тага ил пак радост носат?

Дал запалило сонцето пламен во тие очи,
Што в гради срце бодри ил коси,
Дал чувствува љубов ил омраза носи?

Лаура

Ирен Геро 

Во глава ми се вртат навредите,
како да ме досегнаа среде бел ден вчера,
оние обичните: “јака си”, “курво”,
“зошто не се смееш, ма, ороспијо”.

И оние што ноќе те расчеречуваат од страв:
“тебе, сакам тебе да те ебам”, “пичката ќе ти ја закачам на препарирана лисица”
далеку е сонетот на Петрарка

од оние лудаци што беснеат “ти
давам комплимент, можеш фала
да кажеш”. Неговата Лаура беше волута

од воздух и пофалби: јас сум крајната спротивност.
Меѓу предмет на култ и просто предмет: каде да се биде Лаура?
Во нивните очи јас сум само парче бифтек од кланица, порција месо.

 

Слободен препев од француски јазик: Тања Кармзова Костиглиола

Лаура на првата линија

Краток осврт кон Лаура од XIV век и Лаура од XXI век

Тања Кармзова Костиглиола 

Денот за борба против насилството врз жените (25 ноември), е совршен повод да се направи паралела меѓу двете Лаури позади кои се крие жената воопшто, на растојание од седум века.

Онаа Лаура на Петрарка, со сета нејзина беспрекорност и недостижност, е негова муза, негов немир, негова опсесија. И неслучајно се служам со присвојни заменски придавки. Целта ми е да ја насетите и во тоа далечно време, потребата да се поседува, од љубов несомнено, но сепак да се поседува.

Геро – Лаура (оригинал)

Од друга страна, Лаура на Ирен е секоја жена: исвиркана, вознемирувана, тормозена, психички, физички и/или сексуално  малтретирана дома, на улица, на работа, во теретана или во дискотека. Онаа Лаура што е видена како предмет, како парче месо, дупка предодредена да служи како депо на интимни секрети и лични фрустрации.

Додека го работев препевот се двоумев дали треба во целост да ги доловам пропоата на Ирен, додека за Петрарка воопшто немав сомнежи. И тоа е симптоматично. Таа моја моментална неодлучност експлицитно укажува на потребата да се прикрие, дури и да се релативизира тоа вербално насилство. Овој факт сам по себе говори и глобално за нашата реакција кон останатите видови родово-базирано насилство, па и за нашиот однос кон насилството воопшто. Од позиција на цел, воедно и жртва на вакви девијантни однесувања, ве уверувам дека понекогаш тоа е единствена опција што ни е позната или изводлива под пресата на општествените норми, но и неефикасноста на државните ресорни институции.

Нејсе, совршено го прифаќам ризикот од мојата одлука да не цензурирам,  бидејќи срамот не смее да биде во екипата на жртвите, едноставно – не гледам причина да дадам аргументи за релативизација на она што во најмала рака е деликт, а многу често е злосторство, не чувствувам потреба да молчам, туку да кренам глас и со тој глас, можеби, да помогнам во рушењето на табуата. Сметам дека тоа е најефикасниот начин на водење борба против секаков вид на насилство и доволно видлив чин за да се спротиставиме на квалификацијата “предмети” што толку лесно ни се доделува од страна на оние што забораваат дека сме луѓе.

 

Франческо Петрарка (1304-1374) поет-индивидуалист, лиричар и еден од првите хуманисти.

Ирен Геро (1984) е француска поетеса, преведувач и професор-истражувач на Сорбона.

избор: Тања Кармзова Костиглиола

Next Post
Запечатување на влезот на „Беса Транс“ од страна на Државниот инспекторат за транспорт. Фото: скриншот

Државниот инспекторат за транспорт по извршените контроли ја запечати канцеларијата на „Беса транс“

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk