ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Активни 8.398 ковид случаи, се очекуваат одлуки за нови мерки

November 29, 2021 08:24
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести денеска на редовниот состанок околу состојбата со коронавирусот се очекува да расправа и за новата мутација на вирусот наречена „Омикрон“. На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 проценти. По вчера регистрираните 333 новозаразени во државава сега се активни 8.398 ковид случаи.

– Во однос на новиот сој на Ковид-19 сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон“ која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации. Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави за медиумите викендот ресорниот министер Венко Филипче.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, го именува со грчката буква омикрон и го класифицираше како загрижувачки и високо пренослив.

Во образложение за новата мерка, министерот Филипче рече дека овој предлог е резултат на истражување и оти целата идеја е матичните лекари да бидат финансиски стимулирани со по 30 денари по пацинет, кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти кој се запишани кај нив. На последната владина седница беше одлучно да се побараат дополнителни анализи за предлозите со кои се предвидуваше да се бара задолжителна вакцинација или ПЦР тест за одење на работа.

– Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација и во таа смисла работевме интензивно, посочи Филипче.

Последните податоци објавени од Министерството за здравство, покажуваат  дека заклучно со 26 ноември во државава вкупно се вакцинирани 828 770 граѓани, ревакцинирани се 794 666, а трета доза примиле 70 937 граѓани.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215 009, на оздравени пациенти е 199 064, а на починати е 7.547. Од активните  8.398 случаи, најмногу се во Скопје – 3941, по што следат Битола – 668, Прилеп – 425, Велес – 340 и Кавадарци – 306. /МИА/.

Next Post

Припадници на Армијата  ќе бидат наградени за успешното справување со пожарите

Најново

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk