ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петров на конференција во Ерусалим: Развојот на нови технологии во фокусот на ФИТР

November 29, 2021 18:07
in БИЗНИС, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Коста Петров. Фото: ФИТР

Коста Петров. Фото: ФИТР

Развојот на нови и иновативни технологии е главниот фокус на ФИТР, кој во моментов поддржува над 780 проекти со инвестиции од 86 милиони евра, од кои голем дел се инвестиции во технолошкиот сектор, истакна директорот на Фондот Коста Петров, во своето обраќање на најголемата конференција за технологии и иновации во Израел „Improvate” на која го нагласи позиционирањето на Република Северна Македонија како стартап и технолошки хаб во регионот.

Од ФИТР соопштија дека на панелот „Сајбер безбедност, закани и решенија“, Петров разменил мислења за тоа како владите, бизнисот и финансискиот сектор можат да ги заштитат податоците и како да ги заштитат критичните инфраструктури од сајбер закани.

-Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО е дел и од НАТО корпоративната безбедност, којашто во себе ја вклучува и сајбер одбраната. За оваа цел нашата држава развива капацитети коишто се во потполност компатибилни со тие на НАТО. Во моментот, Владата на Република Северна Македонија работи на изградба на сеопшт пристап кон подобрување на сајбер отпорноста за што и на 5 октомври 2021 година се изработи Стратегија за справување со хибридни закани. Ова е само чекор кон изградба на национален систем кој што би гарантирал навремен и соодветен одговор на било каква хибридна закана, истакна Петров.

Директорот на ФИТР говорел и за првата Национална стратегија за вештачка интелигенција, која ќе овозможи побрз раст и развој на компании кои што се занимаваат со оваа технологија која во моментов ја развиваат ФИТР и Владата.

-На стратегијата работат домашни, но и светски истакнати експерти, како и стратешкиот партнер на ФИТР, „Јожеф Стефан Институтот“ од Љубљана. За следната година планиран е и засебен фонд кој ќе инвестира само во “deep tech” стартапи, а преку новиот Инвестициски фонд на ФИТР, ќе се инвестира во иновативните технологии на македонските компании од 100 илјади до 1,5 милион евра, истакна Петров

На конференцијата во Ерусалим, свое излагање имале и поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, светски познатиот музичар и претприемач Вил Ај Ем, како и голем број светски лидери, владини министри и инвеститори кои се заинтересирани за инвестирање во израелски компании.

Next Post

Понеделник може да биде и забавен

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk