ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Со имплементирањето на Истанбулската конвенција воспоставивме законска и институционална рамка за спречување и борба против насилството

November 29, 2021 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска претседаваше со втората седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство.

На состанокот беше разгледувана реализацијата на Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција кој произлезе по нејзината ратификација. Во тој контекст, министерката Шахпаска констатираше дека изминатиов период е воспоставена институционална и законска рамка за спречување и борба со насилството врз жените и семејното насилство согласно Акцискиот план, што претставува цврста основа и подготовка на системот за  понатамошно  исполнување на  стандардите од Истанбулската конвенција.

„По усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во јануари 2021 година, за неговата имплементација беа донесени повеќе подзаконски акти, кои ги подготви работна група составена од претставници на институциите, здруженија на граѓани и експертска поддршка ангажирана од меѓународните организации. Исто така беа донесени  подзаконски акти и стандарди значајни за воспоставување на услуги за заштита на жртвите на родово базирано насилство.  Во моментов се работи на сосема нов Закон за родова еднаквост, а во крајна фаза е и дефинирањето на новиот Закон за работни односи во кој има одредби значајни за остварувањето на родовата еднаквост“, информираше министерката Шахпаска.

Министерката се осврна на неколку значајни активности на кои Министерството за труд и социјална политика изминатиов период работеше.

„Особено значајни во борбата за поголема поддршка на жените жртви на насилство е и воспоставувањето на 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во 6 плански региони. Факт е дека пред нас имаме уште работа, пред се во унапредувањето на услугите, мултисекторскиот пристап, раната детекција, како и подигнувањето на свеста кај жените за пријавување на насилството,“ рече министерката Шахпаска на денешната седница.

Членовите на Националното координативно тело дискутираа за состојбата со насилството врз жените и семејното насилство, како и за трендовите и потребите од понатамошно делување.

На денешната седница се разговараше и за почетокот на процесот на првата основна евалуација за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба со насилство спрема жената и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) од страна на Групата експерти за акција против насилство против жените и семејното насилство (GREVIO).

Седницата на Националното координативно тело за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство се одржа во рамките на 16 дена активизам, кога интензивно се нагласува значењето на организираното и системско дејствување против сите форми на насилство.

Next Post

Нови 118 случаи со КОВИД-19, починати 18 пациенти

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk