Три лица се притворени на барање на Обвинителството за организиран криминал, осомничени за кривичните дела Родосквернавење и Трговија со дете. Првоосомничен е татко на шест деца, од кои три малолетни девојчиња, и како што соопштија од обвинителството, тој подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерки, објави СДК.
Истовремено, второосомничената, како мајка на дете кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето одбиело, мајката употребувала физичка сила.
На тројцата осомничени денеска судот им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
По насока на јавниот обвинител, малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.
Извор: СДК