Пратеничката Бисера Костадинова Стојчевска, заменик-шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува на седницата на Комисијата за политички прашања и демократија, што се одржува денеска во Париз, Франција.
Костадинова Стојчевска во изјава за Фронтлајн, вели дека ова е редовно заседавање на оваа комисија и нагласува дека една од поглавните теми денес била владеење на правото и улогата на парламентоте во градењето на демократијата.
Во рамките на дискусијата за јакнење на улогата на Советот на Европа како темел на европската политичка структура, каде стана збор за уназадување на демократијата и улогата на опозицијата и мнозинството во парламентот, Бисера Костадиновска Стојчевска во своето излагање истакнала дека парламентарната опозиција не треба да биде пречка за демократски и ефикасен парламент при што спомналс дека нашата парламентарна опозиција со 5.000 амандани, спречи промена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието, со што ќе се овозможеше работа на законодавниот дом он-лине. Таа, нагласила дека парламентот, како целина, треба да се бори против лажните вести за да придонесе за современа демократска средина.
Како што известија собраниските служби, на Комисијата за политички прашања и демократија, членовите расправале за унапредување на здравствените демократии во Европа, влијанието на BREXIT врз човековите права на островот на Ирска, зачувување на столбовите на демократијата во текот на здравствената криза, за воведување на статусот „млад партнер“ со Парламентарното собрание, за зајакнување на улогата на Советот на Европа во европската политичка архитектура, за геополитиката на Медитеранот, за формирање на поткомисија за 2022 година и за визијата на Собранието за стратешките приоритети за Советот на Европа.
Ј. Ѓорѓиоски