ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Провери па купи“ – платформа креирана од студенти за намалување на сивата економија

December 6, 2021 09:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Провери па купи“ (www.proveripakupi.mk) е веб-платформа која им овозможува на потрошувачите безбедно да купуваат преку интернет и е во функција од пред неполн месец. Купувачот кој сака да плати за производ или услуга онлајн, на платформата може да ги провери податоците на е-трговецот (фирмата) од земјава за да се осигури дека тој е регистриран и веродостоен.

Платформата е изум на четири студентки на четврта година – Стефанија Цветковска, Симона Милошеска и Ана Матеска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ и Христина Петковска од Економскиот факултет.

Креативното решение на нивниот тим беше меѓу победничките три од десетте што учествуваа на студентскиот онлајн-хакатон во мај годинава – „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“. Добија награда од 1.000 евра за да го имплементираат нивното решение.

Хакатонот го организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со цел студенти да смислат решение кое ќе помогне да се намали сивата економија во е-трговијата. За функционалноста на платформата тие соработуваат со АЕТМ која им ги праќа информациите кои се ставаат на овој сервис.

Ана Матеска од ФИНКИ за МИА вели дека платформата е нешто ново што им овозможува на физичките лица лесно да ги проверат е-трговците зашто на едно место се собрани сите. Може да ги пребаруваат со впишување име или по категории.

-Целта на решението што го развивме, веб-платформата наречена „Провери па купи“, е на едно место да бидат собрани сите е-трговци и доколку физичко лице сака да купи нешто онлајн да може на едноставен начин прво да провери  дали тој трговец е регистриран и доколку е, да биде сигурен дека е веродостоен и дека се заштитени неговите права на потрошувач, рече Матеска, појаснувајќи го функционирањето на овој нивни непрофитен проект.

Купувањето на тој начин, вели таа, станува безбедно и доверливо, а корисниците на платформата учествуваат во сузбивање на сивата економија во е-трговијата – незаконска економска активност со негативен ефект врз целото општество која го намалува и квалитетот на живот.

-Цел на платформата е да се допре и до нерегистрираните трговци и да се мотивираат да се регистрираат за да бидат ценети од страна на клиентите и препознати како доверливи трговци, додава Матеска.

Next Post

(ВИДЕО) Зечевиќ: Заев застана зад Ковачевски зошто смета дека најмногу ќе придонесе за единство во партијата

Shortcut

Најново

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови

June 2, 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

June 2, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk