fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пост-новогодишната меѓупартиска забава може да почне!

December 7, 2021 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Како што ќе слегнува правот по ѓурултијата со формирањето на новото владино мнозинство, така фокусот на политичките домашни анализи по Нова година ќе се пресели врз две други важни теми: од една страна, како новите градски управи, во претежен дел предводени од опозицијата, ќе се справат со големите ветувања што ги дадоа пред локалните избори; и, од друга страна, како новиот премиер – овој/оваа што е во процес на избор во СДСМ – ќе се справи со владата што Заев ја остава во наследство, со зголемено парламентарно мнозинство.

Што се однесува до локалното ниво, опозицијата доби деликатна „играчка“ во рацете. Откако за десетина дена ќе завршат сите посети и чистења на дивите депонии низ градовите, граѓаните уредно, за две-три недели, повторно ќе ги наполнат, бидејќи на нашата некултура ѝ нема крај, а ни партиска боја. Но, сега новите градоначалници ќе бидат исправени пред критиките дека „ништо не работат“ – истото важи за загадениот воздух, за дотраените канализациони и водоводни мрежи, за дупките во асфалтот, за сообраќајниот неред, за „градежната мафија“ и „бетонизацијата“… Впрочем, на таа пропагандна платформа со децении се губат и се добиваат локални избори во Македонија, а комоцијата да се криткува (секојдневни партиски соопштенија, скандали, снимања видеа од пливнати улици и паркирани автомобили по тророари, сметки по кафеани, нови службени автомобили и сл.) сега ќе ја имаат оние што заминаа во опозиција, на адреса на новата локална власт.

Да, ќе има подобри и полоши градоначалници, но широката „четка“ на критичкиот молерај ќе ги покрие сите подеднакво, како што плимата ги крева сите чамци заедно.

На тоа ќе се надоврзат партиските чистки и вработувања во локалната администрација коишто ќе у(не)среќат стотици семејства и ќе произведат исто толку наслови по медиумите и социјалните мрежи – а, за такви кадровски операции ВМРО-ДПМНЕ нема конкуренција во државава, дури и ДУИ би го победила за два чифта гради…

Паралелно со тоа ќе треба повторно да се „дигне“ својата клиентелистичка бизнис-мрежа и да се пресмета партискиот арач за секој општински зафат, бидејќи е познато дека опозицијата има сериозни финансиски, партиски проблеми. Којзнае дали и еден Ставревски ќе може да одговори на задачата целиот тој локален буџетски зафат да го изведе барем привидно чисто, бидејќи сега ни телефони нема да користи, а државните инспекции не им се „в џеб“ како од времето на претходната епохална пљачка.

А, ако денот по утрото се познава, само нивната градоначалничка во Скопје ќе произведе толку медиумско-комуникациски контроверзи, што можеби и самото ВМРО-ДПМНЕ ќе треба повремено да се дистанцира од неа. Како што се чини, дури и 100-те дена мир од пристојност, по освојувањето на власта, Данела Арсовска е на добар пат да ги истроши за половина од тој рок. А, потоа – ролокостер 24/7!

Од друга страна, новиот премиер на национално ниво ќе треба да раководи со Левијатанот на владејачката коалиција, плус да ја консолидира својата СДСМ. Доколку на партиските избори в недела победи Димитар Ковачевски, новиот партиски генерален секретар најверојатно ќе биде Миле Зечевиќ, со што партиската општинска и централна инфраструктура ќе се обединува и „затега“ во соработка помеѓу поновите (на Заев) и постарите (на Црвенковски) кадровски „потенцијали“, за да му се обезбеди поголем и партиски непречен простор за делување на новиот премиер Ковачевски во функционирањето на извршната власт.

Ако, пак, на чело на СДСМ биде изгласана Фросина Ременски или Јован Деспотовски, тогаш партијата веројатно ќе влезе во подлабоки кадровски и структурни промени коишто можеби повеќе ги посакува пошироката, а помалку партиската „јавност“ во СДСМ. Бидејќи се работи за општи, директни избори на целото партиско членство – што е „сон на летната ноќ“ за сите други партии во Македонија – не е сосема предвидливо како ќе бираат илјадниците членови на владејачката партија, бидејќи значаен дел од нив не се „претргнаа“ да излезат на гласање ни на локалните избори, мотивирани од сегашното раководство на заминување.

Се добива впечаток дека Ременски и Деспотовски, наспроти фаворизираниот Ковачевски, повеќе се борат да има втор круг гласање во партијата, како своевиден одговор на демократијата, наспроти партократијата во СДСМ. Но, кој и да победи, ќе го има полниот партиски легитимитет за (некакви, никакви?) внатрепартиски реформи, иако тукушто потврдената владина стабилност ќе бара време да се стабилизира под „палката“ на новиот, „новогодишен“ премиер.

Ах, ќе му фали Заев на Мицкоски како дожд во суша, како чадор кога врне, како сјајна ѕвезда во облачно време, како ли ќе се снајде во состојба на напуштена љубовница, да не падне во депресија со половина нација?! ?

Шега на страна, Македонија идната година влегува во постабилна меѓупартиска нестабилност, бидејќи сите ќе имаат доволно власт и одговорности за да видиме што ни е да чиниме со нив понатаму. Уште да ги „решиме“ Бугарите (да, благодарејќи на Заев), па пост-новогодишната забава може да почне!

 


ЦИВИЛ МЕДИА

НАЈНОВО

На распит во полиција Васко Стојков – адвокатот со кој Палевски замина во Белград

December 7, 2023

Престрелка во Брисел, повредена и помошничка на европарламентарец, Ковачевски и Маричиќ се безбедни

December 6, 2023

Стратегија за унапредување на транспарентноста на Владата со Акциски план 2023-2026

December 6, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Јакимовски: Наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ започнува политички пресметки, ова е израз на политички простотилук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се плашам дека со ВМРО и Левица на власт, цела држава ќе ни стане Палчо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курти за убиствата на Вања Ѓорчевска и Лиридона Адемај: Не е доволно апсењето на сторителите, треба заслужени казни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден уапсен за убиството на Вања, го возел Палчо од Бугарија кон границата со Tурција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престрелка во Брисел, повредена и помошничка на европарламентарец, Ковачевски и Маричиќ се безбедни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk