РИБАРО
Господинот Арбен Таравари во неколку наврати го менуваше исказот даден во медиумите во врска со неговите тврдења за наводен поткуп на пратеници.
„Имам докази, па немам докази, па не мора да имам кога сите знаат…“, беа изјавите на Таравари. Редакцијата на АХА за да ги отстрани шашмите закажа сериозно интервју со Таравари и побара концизни одговори.
– Имам докази за поткуп на пратеници, ама еве ги снемав. Ги имам снемано доаѓајќи по пат накај студиото, пребарајќи низ џебовите рече Таравари во интервјуто за АХА.
Додаде дека е можно да ги има загубено и одејќи на претходното интервју, а можно е, како што рече, доказите по грешка да му ги има земено кловнот или слонот од циркусот што гостуваше деновиве во Гостивар.
– Јас сум сериозен човек. Не менувам искази по потреба. Докази имав, ама ги снемав, тоа е. Ако не ми верувате, прашајте низ чаршијата што се зборува за мене, вели Таравари.
– Прашајте пет луѓе, ако двајца од нив потврдат дека сум сериозен човек, значи, нели, навистина сум сериозен човек, нагласи Таравари.
– Хм… Ако не друго, барем бев сериозен до пред некое време, додаде по кратка пауза.
„Што се случи во меѓувреме со мене, дали ме обзеде некоја горчина, омраза… еве јас навистина не знам.
А, може и да прашаме пет граѓани да одговорат што се случи во меѓувреме со мене. Двајца од тие пет ако одговорот идентично на поставеното прашање, мора да е тоа вистината“, рече Таравари во краткото интервју за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK