ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Владата на Србија им се извини на граѓаните, на собранието и на претседателот

December 9, 2021 11:39
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Србија синоќа им се извини на граѓаните, на Народното собрание и на претседателот за испраќање работна верзија на соопштението до сите медиуми за време на подготовка за владина седница, поради техничка грешка, пред да се одржи седница на Владата, јави дописникот на МИА од Белград.

Владата на синоќешната седница, одржана во 20 часот, донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој претседателот Александар Вучиќ го врати на повторно одлучување во Собранието, се вели во соопштението од Владата.

Владата ќе анализира дали и во колкава мера се неопходни измените на Законот за експропријација и само доколку се утврди дека треба да се менува законот, тоа ќе го направи со широка јавна расправа во која ќе се вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, бизнис секторот и граѓанското општество, стои во соопштението.

Владата до собранието предложи и измени на законот за референдум и народната иницијатива.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денеска за ТВ Пинк потврди дека повеќе нема да се расправа за измените на Законот за експропријација, бидејќи претседателот на Србија го врати на повторно одлучување, а Владата потоа го повлече од процедура, додавајќи дека тоа значи дека се враќа на јавна распарава и дека „прашање е дали и кога воопшто ќе се менува“.

Дачиќ посочи дека процедурата е таква што, кога претседателот на Србија ќе го врати законот за нова одлука, Собранието повторно мора да одлучува за него или Владата го повлекува од процедура.

Кога станува збор за Законот за референдум, Владата испрати предлог амандмани до Собранието, кажа Дачиќ и потсети дека за утре е закажана седница на која пратениците ќе расправаат за тоа.

Next Post

Формирана посебна антикорупциска комисија

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk