ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Заев: Во последните четири години поведовме иницијативи за заштита на природните убавини и одржлив развој на планинискиот туризам

December 11, 2021 10:57
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како ниту една друга Влада претходно, во последните четири години поведовме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости и за одржлив развој на планинскиот туризам, пишува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на планината.

– Во годината кога одбележуваме 30 години од нашата независност направивме уште еден значаен придонес за негувањето и за афирмацијата на природните богатства на нашата убава Република Северна Македонија. За Национален парк ја прогласивме нашата природна убавина – Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2.000 метри. Со ова го добивме четвртиот национален парк во државата, прв од прогласувањето на независноста и прв после 60 години, пишува Заев.

Со Националниот парк Шар Планина, тој истакна дека вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2 проценти од севкупната територија на Северна Македонија и додава дека е површина и процент на кој можат да позавидат многу европски држави.

– Тоа е резултат на континуираните политики на оваа Влада за заштита на природата, со цел зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија. Во таа низа се и прогласувањето на дел од Осоговските Планини и Водно за заштитени предели, а наскоро, како континуитет на нашите политики за заштита на природата и животната средина, под посебен режим на заштита ќе биде ставен и дел од Малешевските Планини, најави премиерот.

Заев истакна дека со прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје, започнат е системски пристап за зачувување на природните ресурси, како и за социјално и економско унапредување и развој на Осоговскиот Регион.

Тој додава дека проектот „Планински велосипедски рај“, патната инфраструктура кон Пониква и реконструкцијата на ски-лифтовите го унапреди туристичкиот потенцијал во тој регион и создадени се услови за развој на авантуристичкиот туризам.

– Планините и шумите и сиот биодиверзитет во нив, се наше природно богатство кое треба да го чуваме и за идните генерации. Наша обврска е да ги заштитиме и да ги чуваме како клучна алка во борбата со последиците од климатските промени, како една од најсериозните закани со кои се соочува светот денес, порача премиерот.

извор: МИА

Next Post

Општата болница Куманово целосно ќе се загрева на природен гас

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk