Украсување на елката, семејна вечера, топло вино или чај, смеа, дружење и едноставен мир и среќа е она што кај нас се практикува за време на божиќните празници. Но, не секоја земја Божиќ го празнува исто. Од Божиќ покрај плажа со свежа морска храна во Нов Зеланд, до топла каша што ги загрева семејствата за време на студената финска зима, ќе откриете колку се различни овие глобални празнични традиции. Како би било да се разбудите пронајдувајќи скапани компири во вашите чевли? Или просто, да уживате во KFC вечера за време на божиќната вечер? Верувале или не, ова се вистински божиќни традиции ширум светот.
Шведска
Божиќната коза е шведски божиќен симбол што датира од античките пагански фестивали. Меѓутоа, во 1966 година, традицијата доби сосема нов живот откако некој произлегол со идеја да направи џиновска сламена коза, која сега се нарекува коза Гавле.

Според официјалната веб-страница, козата е висока повеќе од 42 метри, широка 23 метри и тешка 3,6 тони. Секоја година, масивната коза се поставува на истото место.
Филипини
Ако мислевте дека Соединетите држави најмногу претеруваат со божиќните украси, треба да видите што прават Филипините. Секоја година, градот Сан Фернандо одржува Ligligan Parul (или фестивал на џиновски фенери) со блескави фенери кои ја симболизираат Витлеемската ѕвезда.

Секој фенер се состои од илјадници светла кои се вртат, осветлувајќи го ноќното небо. Фестивалот го направи Сан Фернандо „Божиќен главен град на Филипините“.
Јапонија
Иако Божиќ не е национален празник во Јапонија (се проценува дека еден процент од населението се христијани, според списанието Смитсонијан), нејзините граѓани сè уште наоѓаат интересен и вкусен начин за славење. Наместо да се соберат околу масата на вечера со мисирка, семејствата заминуваат кај нивното локално KFC.

Традицијата започнала во 1974 година по многу успешната маркетинг кампања наречена “Kurisumasu ni wa kentakkii!” или “Кентаки за Божиќ!” Синџирот за брза храна ја задржа својата популарност, поради што некои луѓе ги нарачуваат кутиите неколку месеци однапред или стојат во редици долги два часа за да ја добијат нивната храна.
Исланд
Слично на 12-те дена од Божиќ во САД, Исланд слави 13. Секоја вечер пред Божиќ, исландските деца ги посетуваат 13-те Јули Ладс.

Откако ќе ги стават чевлите покрај прозорецот, малечките се упататуваат во кревет. Наутро или ќе добијат бонбони, ако се добри или ќе бидат пречекани со чевли полни со расипани компири ако се лоши. И мислевте дека јагленот е страшен подарок!?
Финска
На божиќното утро, финските семејства традиционално јадат каша направена од ориз и млеко прелиени со цимет, млеко или путер.

Кој ќе го најде бадемот сместен во еден од кашите „победува“, но некои семејства ги прекршуваат правилата и кријат неколку бадеми за децата да не се вознемират. На крајот на денот, вообичаено заедно се загреваат во сауна.
Нов Зеланд
Бидејќи летото паѓа за време на Божиќ во Нов Зеланд, голем број од нивните традиции се фокусираат на скарата, каде што семејствата и пријателите се собираат за невообичаено готвење свежа морска храна, месо и сезонски зеленчук.

Новозеландската елка е Похутукава, крајбрежен вид кој цвета во светло-црвена боја во декември, обезбедувајќи сенка за време на сончевите денови додека пеат песни и на англиски и на маорски.
Данска
Пред христијанството да биде прифатено како религија кај Данците, Божиќ била прослава на посветли денови, како што се случувала непосредно пред зимската краткоденица.

Денес, домовите се украсени со суеверни ликови наречени нисер, за кои се верува дека обезбедуваат заштита. Вечерта на 24 декември, данските семејства ја ставаат својата елка во средината на собата и танцуваат околу неа додека пеат песни.
Ирска
Ирците оставаат висока црвена свеќа на предниот прозорец преку ноќ, добредојден симбол на топлина и засолниште за празничната сезона.

Традиционалната божиќна вечера во Ирска често вклучува домашна печена гуска, зеленчук, брусница и компири.
Барбадос
Божиќната трпеза на Барбадос не е комплетна без печена шунка украсена со глазури од ананас и колач со рум и југ југ, јадење инспирирано од шкотското влијание на островот кое комбинира грашок, морско пченкарно брашно, билки и солено месо.

Холандија
Синтерклаас е холандското име за Свети Никола, човекот кој децата го препознаваат по неговата долга бела брада, црвена наметка и црвена митра.

Децата ставаат чевел покрај оџакот или задната врата и се будат на Божиќ наутро за да најдат задоволства како колачиња од цимет, марципан и чоколадни букви внатре.
Австрија
Алпските земји како Австрија имаат легенда дека суштество слично на ѓавол, наречено Крампус, се придружува на нивните свечености на Свети Никола, а лошите деца се грижат што може да донесе Крампус на божиќното утро.

Јужна Африка
Додека традициите низ Јужна Африка варираат во зависност од регионот и културата, повеќето семејства се собираат за готвење, наречено брааинг на празникот. Маринираните шницли и колбасите служат како главно јадење, проследено со вообичаен десерт од малва пудинг (на сликата) послужен со крем.

Традиционалните новогодишни елки се украсени со разновидни украси кои вклучуваат африкански орнаменти со рачни монисти.
Meксико
Низ Мексико, членовите на Црквата облекуваат Пасторела (Овчарска облека) за да ја прераскажат Божиќната приказна. Мексиканската божиќна сезона започнува на почетокот на декември со Лас Посадас, религиозен марш кој повторно го прикажува патувањето на Марија и Џозеф.

Живописните црвени цветови на пунсет се користат и во празнични аранжмани за украсување низ целата земја.
Овој период, несомнено е еден од најсреќните и најпразнуваните низ цел свет и секоја земја, го обележува на свој карактеристичен начин. Но некои божиќни традиции низ светот, веруваме дека ве изненадија, а можеби ќе почнете и да ги практикувате и во вашиот дом…
Марија Миткоска







