На 194 гласачки места ширум државата, вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ. Гласањето помина во добар ред со почитување на Ковид протоколите. Досега се обработени 100 отсто од гласовите, истакна Мандиќ.
– Кандидатот Јован Деспотовски освои 3.319 гласа, кандидатот Фросина Ременски освои 2.836 гласа, и кандидатот Димитар Ковачевски освои 37.649 гласа. Бројот на неважечки ливчиња изнесува 602, соопшти Мандиќ.
Согласно овие резултати во името на комисијата објавувам дека Ковачевски е новиот претседател на СДСМ, заврши Мандиќ.







