Еуџенио Монтале
Можеби едно утро, чекорејќи низ воздухот сув,
стаклен, вртејќи се ќе видам како се збиднува чудото:
само Ништо зад мене, само празен простор глув
зад мојот грб, како пијан ужас, како нема лудост.
Потем небаре на платно, в миг ќе се наредат толку
дрвја куќи ридови, и сè во име на лагата знајна.
Но предоцна ќе е; а јас ќе си заминам молкум
низ луѓето што не се вртат, сам со својата тајна.
Еуџенио Монтале (1896-1981) е италијански поет од Џенова. Добитник е на Златен венец на Струшките вечери на поезијата во 1973 и на Нобелова награда во 1975.
избор: Тања Кармзова Костиглиола