ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Марковска: Треба да им се даде шанса на новоизбраните луѓе од шест месеци да ја вратат државата на колосек, а потоа да се мисли на предвремени избори

December 13, 2021 09:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршија двата партиски конгреси на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. За она што се очекува по промената на лидерот на СДСМ и промената на доктрината на ВМРО ДПМНЕ во денешен Утрински брифинг свои гледишта образложија Петар Богојески и Ѓулистана Марковска.

-Реизборот на лидери на двете доминантни партии поминаа во знак на двете клучни пораки: СДСМ ќе се обединува, а ВМРО ДПМНЕ ќе менува доктрина. Мислам дека СДСМ ја промашија темата. Нема што да се обединуваат оти СДСМ не ги изгуби изборите од своите членови, тие излегоа да гласаат. Напротив, антигруевистите беа незадоволни од Владата на Заев и не излегоа на гласање, вели Петар Богојески.

СДСМ сметаат дека нивниот проблем е обединувањето на партиските членови.

-Мене ме изненади пријатно новиот начин на говор на Христијан Мицкоски кој беше разумен и ненапаѓачки. Што се однесува за СДСМ, не мислам дека не им треба обединување. Разединувања на ВМРО се гласни и јавни, а во СДСМ тивки и свилени. И двајцата лидери треба да си честитаат оти тоа е политичка култура, вели Ѓулистана Марковска.

Богојески вели дека честитањето е најмалку важно. Тој вели дека погледнал дел од новата доктрина на ВМРО ДПМНЕ и е евидентно отворањето на партијата кон Левица. Мислам дека Левица е Титаник, карпа околу вратот на ВМРО ДПМНЕ. Уривањето на владата на Заев не успеа токму поради врзувањето со Левица. Идната влада на ВМРО ДПМНЕ мора да биде без никакви левичарски елементи, а особено не квазилевичарски како Левица, вели Богојески.

-Бришењето на демохристијанството во новата доктрина во ВМРО ДПМНЕ е тренд во Европа и е порака дека партијата е отворена за сите, како што била и досега. Кај нас нема левица и десница туку има популизам кој го има и во левата и во десната страна, вели Марковска.

Таа додава дека треба да им се даде шанса на новоизбраните луѓе од шест месеци да ја вратат државата на колосек, па потоа да се мисли на предвремени избори.

Богојевски коментира дека вчера конечно заврши груевизмот со заминувањето на Зоран Заев од лидерската позиција и во партијата и од владата.

-Влегуваме во нова фаза во која лидерите ја губат позицијата на први луѓе, а ќе се појават нови луѓе и нови партии со нови идеи. Падот на Заев е добра вест, вели Богојески.

Марковска вели дека не е сигурна дека е можно маргинализирање на улогата на лидерите оти клиентелизмот е длабоко вкоренет кај нас.

Next Post

Од денеска промени во мерките за влез во Грција

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk