ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СКЕЕОР: Повеќе да се размислува за енергетска ефикасност и одржлив развој

December 13, 2021 12:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Деветтото издание на Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021, поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) почна денеска во Скопје.

На отворањето на конференцијата, што годинава поради пандемијата се одржа онлајн, се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.

– Многу сум горд што нашата авангарда, речиси една деценија ја организира оваа конференција на која учествуваат студентите, академската заедница, компаниите и сите заедно разговараат и дебатираат за предизвиците со кои се соочува нашата земја, но и целокупното човештво. Имено, актуелната енергетска криза покажува дека сите теми на кои ќе се разговара во следните четири дена на СКЕЕОР – обновливите извори на енергија, автоматизацијата и мерењето на енергетската ефикасност, електричните возила и енергетскиот транспорт, одржливоста и новите технологии – се теми на кои размислува и светската научна и економска јавност“, рече Јанкуловски.

За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, постојат многу активности што може да се превземат за енергетска ефикасност, од релативно едноставни активности, како што се промена на нашето однесување од една крајност до развој на специјални материјали на другата крајност.

– Помеѓу двете, постои огромен потенцијал на технологијата и паметните решенија да ја подобрат енергетската ефикасност. Тие можат да помогнат подобро да управуваме со нашите домови, згради и производни процеси преку креирање нови алатки и решенија за управување со нашата потрошувачка на енергија. Во таа насока многу сум горд кога ја гледам програмата на овогодинешната конференција. Фокусот на студентите и пленарните предавачи е на новите технологии и на иновациите за зголемена енергетска ефикасност, вели Ташковски.

Претседателот на Конференцијата, Марко Минов информира дека СКЕЕОР, годинава, стана официјален член на Европската Младинска Енергетска Мрежа (ЕЈЕН), организација која ги обединува младинските здруженија чии активности се насочени во областа на енергетската ефикасност, одржливиот развој и обновливите извори на енергија.

– Радува фактот што од година во година интересот кај нас – младите во Македонија за оваа област расте. Започнуваме да се мобилизираме и ангажираме во доменот на енергетската ефикасност и одржливиот развој, а во рамки на СКЕЕОР 2021 ќе имаме можност за развој на дијалог и размена на искуства и идеи во ова поле. На овој начин, ги потсетуваме новите генерации за важноста на енергетската ефикасност и истовремено ги поттикнуваме на размена на идеи и иновативен пристап при изнаоѓањето решенија кои ќе придонесат за едно подобро, енергетски поефикасно утре“, рече Минов.

Според Лихнида Стојановска-Георгиевска, координатор на СКЕЕОР, Конференцијата со своето дејствување се етаблира како платформа за интеракција меѓу младите, академската средина и компаниите, но и јавниот сектор, чинејќи цврста синергија помеѓу нив, со цел развивање и споделување идеи, но и овозможување на нивна реализација за што особено се важни компаниите и јавните институции кои ја поддржуваат конференцијата.

извор: МИА

Next Post

СТАР: Придружете се на 17-ти декември на маршот за стоп за насилството на сексуалните работници

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk