ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Што значи декриминализација на сексуалната работа, според СТАР, прв колектив на сексуални работнички и работници на Балканот?

Во петок, 17 декември, пред спомен куќата на Мајка Тереза, со почеток во 12 часот, ќе се одржи Маршот на црвените чадори, по повод Меѓународниот ден за ставање крај на насилството врз сексуалните работници.

December 16, 2021 15:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Марш на црвените чадори. Декември 2019 година. фото: Ванчо Џамбаски

Марш на црвените чадори. Декември 2019 година. фото: Ванчо Џамбаски

Share on FacebookShare on Twitter

Запрашана за функционирањето на Здружението СТАР, нашата соговорничка Лина, која за Фронтлајн ја сподели и својата лична сторија, сподели дека е членка на организацијата од 2013 година.

СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот

Здружението СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот. Тоа е организација што ја предводат сексуални работници-чки и се залага за застапување на правата на заедницата во социјалниот, правниот и здравствениот систем. Организацијата ја промовира сексуалната работа како слободен избор на професија и овозможува полесен пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје.

„Како активистка и како сексуална работничка, сметам дека проблемите со кои ние сексуалните работници се соочуваме секојдневно би се намалиле, само доколку правно се регулира сексуалната работа во Република Северна Македонија. Ние се залагаме за декриминализација на сексуалната работа, по примерот на Нов Зеланд и Нов Јужен Велс“ – вели Лина за Фронтлајн.

Со промена на постоечките закони кои ги таргетираат сексуалните работнци, вклучувајќи и закони со кои се опфатени клиентите и сопствениците на јавни куќи, би се обезбедиле побезбедни услови за работа, уверува Лина.

фото: СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот

Декриминализацијата на сексуалната работа не е исто што и легализацијата

„Ние, сексуалните работници би можеле само во таков случај да пријавуваме насилство, без страв од дискриминација. Декриминализацијата на сексуалната работа не е исто што и легализацијата. Легализација претставува законска рамка која се карактеризира со опсежна законска регулатива. Со тоа може да се ограничат правата на сексуалните работници и заштитата, да се создадат механизми за злоупотреба од страна на властите и да се изврши друго негативно влијание врз сексуалните работници. Декриминализација е многу поповолна опција“ – објаснува Лина.

Таа ги сподели искуствата на Нов Зеланд и Нов Јужен Велс (Австралија). Таму постојат успешни модели за декриминализација на сексуалната работа. Декриминализацијата оди рака под рака со признавањето на сексуалната работа како работа и труд. Тоа подразбира и заштита на правата на сексуалните работници преку законите за работни односи и регулација за безбедноста и здравјето на работното место.

Побезбедни услови за работа 

Кога сексуалната работа е декриминализирана, сексуалните работници можат да настојуваат и да бараат побезбедни услови за работа. Тие можат да го користат правосудниот систем, за да побараат заштита од дискриминација и злоупотреба. Со декриминализација, голема е веројатноста дека сексуалните работници ќе живеат без стигматизација, социјална исклученост или страв од насилство.

Важно: Декриминализација на сексуалната работа никако не подразбира и декриминализација на проституцијата со малолетни лица и трговијата со луѓе или слични кривични дела.

Запрашана за тоа на кој начин може да се помогне нивната мисија како организација, Лина имаше неколку сугестии.

„Начинот на изразување ја намалува стигмата. Пожелно е да го користиме терминот сексуален работник, наместо други изрази кои се навредливи и имаат негативна конотација“ – вели Лина.

Таа ги повикува добронамерните луѓе да ги поддржат настаните кои ги организираат или во кои учествуваат сексуалните работници, како протести, маршови и кампањи.

„Донирајте доколку сте во можност. Сексуалните работници често живеат на работ на сиромаштијата и неретко имаат потреба од дополнителна финансиска помош. Донациите, исто така, можат да бидат насочени и кон организации кои ги поддржуваат сексуалните работници. Бидете дел од промената – дознајте повеќе за темите што влијаат на сексуалните работници, и дајте им поддршка на сексуалните работници“ – повика Лина.

Почитување на човековите и работничките права на сексуалните работници

Таа истакна дека почитувањето на човековите и работничките права на сексуалните работници е клучно за ставање крај на насилството, експлоатацијата и дискриминацијата на сексуалните работници и на луѓето кои продаваат или тргуваат со сексуални услуги.

Движењето за декриминализација на сексуалната работа во светот придонесува кон соодветно регулирање, безбедност и недискриминација

Марш на црвените чадори во Скопје

На крајот од нашиот разговор, Лина ги повика сите кои сакаат да им се придружат во петок на 17 декември, на Маршот на црвените чадори. Тоа е настан кој се одржува по повод Меѓународниот ден за ставање крај на насилството врз сексуалните работници.

„Вашата поддршка ќе ни биде од големо значење во напорите да овозможиме безбедни услови за работа на сексуалните работници“ – заклучи Лина.

Таа ги повикува сите добронамерни луѓе, од Маршот на црвените чадори да испратат порака до јавноста за итно донесување на соодветен модел за регулација на сексуалната работа.

РФ

Next Post

Денеска се регистрирани 298 нови позитивни случаи

Shortcut

Најново

Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk