ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022

December 16, 2021 08:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022 година и се очекува тој да биде донесен.

Предлог-буџетот тежи 4,4 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се проектирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи.

Во текот на изминатите денови, на пленарната седница беа изнесени различни ставови од страна на опозицијата и парламентарното мнозинство.

Пратениците од власта со став дека буџетот е развоен и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се обезбеди непречено функционирање на основните функции на државата и им се дава поддршка на реформските процеси во правосудството и на евроинтеграциските процеси. Буџетот, според нив, е донесен низ транспарентен и инклузивен процес за што доказ е прифатените 23 амандмани во вкупна вредност од околу 382 милиони денари од кои поголем дел се од опозицијата.

За опозицијата, буџетот е нереален и неразвоен со голем број капитални инвестиции кои нема да се реализираат. Граѓаните, според опозицијата, нема да добијат ништо за да се подобри нивното секојдневно живеење. Забелешки имаа и на тоа дека се намалени средствата за привлекување на странски инвестиции и дека не се планирани средства за аерозагадувањето.

Од Алијанса на Албанците се изјаснија дека нема да гласаат за Предлог-буџетот затоа што, според нив, приоритетите во него се нереални, има отсуство на транспаретност, загрижува нивото на јавниот долг и постојат причини поради кои може да не се реализира предвидената стапка на економски раст.

Предлог-буџетот беше усвоен на 30 октомври од страна на Владата заради запазување на роковите за донесување, а поради изборниот молк, соопштението од владината прес-служба беше објавено на 1 ноември. Предлог-буџетот потоа беше доставен до Собранието каде помина низ десетдневна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повторно вратен во Владата каде беа прифатени 23-те амандмани. /МИА/.

Next Post

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk