ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Охрид не очекува голем број туристи за празниците

December 17, 2021 11:55
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Охрид и овие новогодишни празници не може да се надева на некоја позначајна посетеност, барем кога се следат информациите на сопствениците на сместувачки капацитети на ривиерата.

Хотелиерите велат дека мошне е слаб интересот за закуп на соби за претстојните новогодишни и божикни празници, на прсти може да се избројат резервациите на соби на нецели две седмици пред дочекот на новата 2022 година.

Некои од хотелиерите велат дека можеби и тие носат дел од вината за таквата состојба оттаму што мошне задоцнето настапиле со своите понуди, со лични оправдувања дека тоа најмногу е последица на непознаницата наметната од епидемијата на коронавирусот и измените во протоколите за кои не се знаеше какви ќе бидат кога станува збор за угосителскиот сектор.

Забраната за влез на невакцинирани  односно лица без направен соодветен негативен тест ги преполови туристичките пазари од државите во соседството, кои традиционално беа најбројни гости во Охрид за новогодишните празници. Статистиките говорат дека степенот на имунизираност во регионот е некаде околу 50 отсто од населението, што значи дека за половина од граѓаните на соседните држави Охрид не е ниту опција за новогодишните празници.

Цените на празничните аранжмани, барем според хотелиерите, не се покачени споредено со изминатите години и варираат зависно категоризацијата на објеките, од 5.500 денари за дводневно сместување со дочек на Новата година, до некаде 180 евра за тридневни аранжмани во најрепрезентативните хотели.

Инаку, исполнетоста кај некои од поевтините капацитети ќе биде најмногу околу 50 отсто и тоа претежно со домашни гости.

За разлика од хотелите, угостителите и сопствениците на кафеани и ресторани очекуваат подобра посетеност за празниците. Речиси сите со свои понуди за „најлудата ноќ“, и цени зависно од тоа што им е на располагање на гостите. Има дочеци на Новата година со понуди и од 1.500 денари со ограничен број пијалаци и мезе од апетисани, овошје, слатки, до дочек со комплетно новогодишно мени и неограничен пијалак за некаде околу 50 евра по лице. Секако, ќе се нуди добра забава до раните утрински часови, но со следење на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19.

Дочек во Охрид ќе има и на отворено на Градскиот плоштад, со настапи на локални уметници, групи и исполнувачи. Охриѓани и гостите за Новогодишната ноќ ќе ги забавуваат „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите Фејс и Гец заедно со Јана Слеј.

Музичка забава на Градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1 јануари, од 13 до 15 часот, кога ќе настапат членови на охридскиот музички еснаф во проширен камерен оркестар со изведби на охридски композиции. На 2 јануари од 13 до 15 часот забавата ќе продолжи со настап на „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“.

извор: МИА

Next Post
Фото: The Tor Project, CC BY 3.0 US.

Глобал војсис: Русија го блокира пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk