Околу 700 деца во неделата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ учествуваа на шестиот танцов натпревар „Денс оф 2021“ во организација на танцовите клубови „Ит д бит“ и „Брејк а лег“.
Учесници од 20-ина танцови клубови од државата се танцуваа латино, играа хип-хоп, модерен балет, џез балет, синхро-денс, акробатик-денс…
Меѓу учесниците на натпреварот и клубовите кои се натпреваруваа и освоија медали, се најде и „Данса Латина Стефи“ од Општина Кисела Вода, кој настапуваше во четири категории и тоа во латино и во хип хоп формации и групи.
На натпреварот освоија четири први места, односно, четири златни пехари и 29 златни медали. Стефанија Силјановска, сопственичката на клубот вели дека ова за нив е голем успех и поттик за натамошна работа, особено по долгата пауза поради коронавирусот.
„Во Општина Кисела Вода има многу талентирани деца, во кои вреди да се вложува, а резултатот од тоа, се овие освоени места на танцовиот натпревар“, вели Сиљановска.