ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: После 70 години целосно реновирани 1.300 квадратни метри на Клиниката за Ортопедија

December 22, 2021 12:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска во функција на пациентите се реновираните простории на УК за ортопедија со што се заокружи планот за целосна обнова на зградата на хируршките клиники, во која 70 тина години не беше сменето ништо. Клиниката за ортопедија, сега после многу години ги добива најсовремените услови и стандарди, истакна во изјава за медиумите министерот за здравство д-р Венко Филипче.

-Се работи за целосно реновирање на простор од 1.300 квадратни метри и тоа во делот на болничките соби, собите за интервенција, единицата за интензивна нега и терапија, собата за анестезија, детскиот оддел и сите останати помошни простории.Огромен број експерти работат тука, огромно искуство е акумулирано тука на Клиниката – тоа се наши колеги познати во светот по своите интервенции, по своите публикации и тоа е уште еден аргумент, уште една работа на која сме горди. Со ова реновирање се заокружува еден процес кој значи осовременување на овие капацитети за лекување, реновирани операциони сали, што значи целокупниот процес на лекување хируршка интервенција, постоперативно закрепнување, делот за интензивна нега се одвива во посебни и нови простории – кажа министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешниот настан по повод пуштање во употреба на реновираните простории на клиниката за ортопедија.

Клиниката за ортопедски болести, како и многу други Клиники се реновираа во време на ковид пандемија, кога беше исклучително тешко да се работи. Медицинскиот тим се соочи со предизвикот да згрижува и лекува ковид болни, а во исто време да се работи и на оперативниот и на амбулантски програм на Клиниките. За истиот овој период течеа и градежните работи за реновирање.

-Успеавме за неполна година темелно да го измениме ликот на Клиниката и горд сум на сето ова. Ова е најголема инвестиција на Клиниката за Ортопедија во изминативе неколку децении и е реализирана во време на пандемија на корона вирусот. Универзитетската Клиника за Ортопедски болести располага со 70 болнички кревети сместени во 20 болнички соби каде се лекуваат пациенти од детска па се до адултна возраст. Во склоп на Клиниката е и Единицата за интензивна нега и терапија која во склоп на оваа реконструкција е опремена со нови монитори за следење на виталните параметри на пациентите. Реновирани и опремени се и собите за интервенција на секој оддел, како и сите останати помошни простории – истакна д-р Александар Трајановски директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Next Post

Филипче: Горд сум на зголемувањето на платите на лекарите, што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk