ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

„Плацови на Водно”: Се изведуваат материјални докази од одбраната

December 22, 2021 13:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно”.

Предмет на анализа била документацијата прибавена од Јавното обвинителство по пат на меѓународна правна помош – договори за трансфер на сопственост и банкарски сметки и парични текови на фирмата „Сирах лимитед” од Белизе.

– Мојата констатација кај уплатите е дека парите се уплатени од повеќе правни субјекти, помеѓу кои нема правен субјект, односно уплати од резидент на Северна Македонија. Сите уплатувачи се од други земји. Во делот на исплатата, констатирав дека постои исплата на правен субјект, резидент на Северна Македонија-Сирах инжинеринг, изјави вештакот Костов.

На прашање од одбраната, дали во овој период е констатирана уплата од Никола Груевски или правен субјект поврзан со тоа лице, сведокот рече дека не констатирал уплата од физичко лице Никола Груевски на сметката на оваа фирма.

– Од документите не констатирав уплата од правен субјект, резидент на Република Македонија. Сакам да појаснам дека сопственоста на фирмите не беше предмет на мое вештачење и немав доставено докази и од тие причини не можам да одговорам на делот од прашањето дали лицето Никола Груевски на било кој начин е поврзан со фирмите, изјави вештото лице Костов.

Прашан дали при трансакциите се почитувани сите правила за вакво банкарско работење, вештакот рече, дека Меѓународниот платен промет се одвива под строго пропишани правила и механизми и тој се извршува задолжително преку корсепондентска банка отворена во земја членка во ЕУ со дозвола од Централна европска банка.

–  Во конкрегниот случај сите трансакции се поминати преку коросподентска банка во странство при што уплатите од Сирах лимитед кон Сирах инжинеринг се поминати преку Дојче банк, Франкфурт Германија, додека уплатите од Орка холдинг кон Сирах лимитед се реализирани преку повеќе кореспондентски банки, како што се Дојче банка – Франкфурт, Германија, Социете генерал – Париз, Франција, Банка интеса – Милано, Италија. Сите трансакции, од анализата според известувањето од Стопанска банка АД Битола, во 2012, 2013 и 2015 година се поминати како редовни трансакции, без дополнителни прашања или проверки за потеклото на парите од кореспондентските банки, изјави вештакот Костов.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Јавниот обвинител Стефанова, рече дека нема никакви забелешки на писмениот навод, ниту на денеска изнесените ставови од вештакот, но дека има некои прашања.

На прашање од обвинителката, во однос на бројот на потписници на сметката, наведени во вештачењето, вештакот рече дека податокот излегува од барањето за отворање сметка на Кипар, каде постојат податоци за тројца потписници – Ненад Јосифовиќ, Елена Хаџиристу и Ивона Понтак.

– Податоците внесени во табелата потекнуваат од документот – барање за отворање корпоративна сметка. Наша оценка била дека не се внесени сите детали, но сме внеле матичен број и пасош на лицата потписници. Се работеше за обемен материјал и како лица овластени потписници се овие прикажани во табелата, изјави вештакот Костов.

Предмет на вештачење, посочи Костов, беа банкарските трансакции и во тој контекст беа банкарските сметки, трансакциите и потписниците.

– Најодговорно тврдам дека не сум утврдувал и не сум забележал во доставената документација сопственост на фирмите и дека не ми е познат сопственикот на фирмите, изјави вештакот. 

извор: МИА

Next Post

Заев попладнево ќе ја депонира оставката до Собранието

EVN

НАЈНОВО

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026

Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

January 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Инстаграм

    Бруклин Бекам ја прекинал директната комуникација со родителите за да го заштити менталното здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Џорџ Клуни со „скриена прозивка“ кон Трам на доделувањето на Златни глобуси 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk