ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Османи: Бугарија мора да знае дека клучот за кредибилитетот на ЕУ е во нејзини раце

December 22, 2021 10:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се создава впечаток дека министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто дојде во земјава не да се сретне со својот македонски колега Бујар Османи, туку да се види со градоначалничката Данела Арсовска и да вети државна помош за градот Скопје.

– Арсовска до скоро беше почесен конзул на Унгарија поради изборот за градоначалник. Сијарто ми се јави во четвртокот и рече дека сака заеднички да испратиме порака до Европа по она што се случи на 14 декември. Тој даде силни поракa. Унгарија е важна држава, а јас имам добро односи со Сијарто, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.

– Јас стравувам дека таквата теза може да доведе до замрзнат конфликт како што беше со Грција. Оваа ситуација не смее да се прифти како нова реалност. Ова мора да биде наша прва тема и по цена да го потроши нашиот политички капитал дури и ако секој ден изјавуваме оптимистички изјави, вели Османи.

Тој додава дека и новата бугарска влада треба да влезе во проблематиката, но не знам колку кредибилитетот на ЕУ може да издржи кај нас во нашата јавност, коментира Османи.

– Јас не знам кога ќе се прекрши тој момент со постојано надополнување на листата за Албанија и Македонија, а Бугарија мора да биде свесна дека клучот за кредибилитетот на ЕУ е во нејзините раце, вели Османи.

Со заминувањето на Заев со оглед на поинаквата позиција на претседателот Стево Пендаровски, дали може да се промени позицијата во потврд став.

– Заев сакаше да има отворен став имајќи ги предвид интересите на граѓаните. Заев веруваше и јас верувам дека мора да се најде заедничка доверба, па оттука да тргнеме. Заев се обраќаше и до бугарскиот народ. Обајцата сметаме дека ова не смее да премине во замрзнат конфликт и да трае, вели Османи и повторува дека разговорите со Бугарија не смеат да прекинат.

Малку е нејасно што точно бара бугарската страна.

– Да бидеме искрени. Тие ставот го имаат кажано од првиот ден. Тој став не се препознава во Европа бидејќи се смета за анахрон – се однесува на историски атрибути на еден народ. Затоа сега се префрла на малцинства и слично. Треба да се има мултиперспективност за историјата и да се овозможи секој сам да се самоопредели со своја интерпретација на историјата и да не го наметнува на другиот она што е негово мислење, вели Османи.

Османи рече дека последниве две недели имал две средби со Ескобар.

„Тој ги знае и деталите за прашањето и сака да се вложи ова брзо да се заврши. Но, ние немаме спор со Русија, станува збор за спор меѓу две земји членки на НАТО. Па и САД не можат да претежнат премногу на едната страна. Се надевам на нивно вклучување, вели Османи.

Тој додава дека е прашање на договор на партиите дали тој ќе остане во следната Влада на Димитар Ковачевски. Османи вели дека слушнал позитивни впечатоци за Ковачевски иако не го познава лично.

Next Post

Во возење се запалил мерцедесот на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk