ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реакција на ССНМ и ЗНМ на отпуштањето на шестмина телевизиски работници

December 24, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција реагираа на одлуката на директорот на Телевизија Алфа да отпушти шест работници, членови на Синдикатот, меѓу кои и еден од синдикалните претставници на ССНМ во овој медиум.

– Сакам да ве информирам, да укажам и да побарам поддршка во оваа прилика за шестемина наши колеги, членови на ССНМ, кои оваа недела добија откази во Телевизија Алфа и наместо редовни плати, додатоци и К-15 за новогодишните празници, добија неизвесност за нивната егзистенција, но и за нивните семејства, откако директорот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи во знак на реваншизам им врачи откази, спротивни на Законот за работни односи, изјави претседателот на Синдикатот, Павле Беловски.

Во своето обраќање, тој нагласи дека директорот на телевизијата „свесно го крши Законот за работни односи“, отпуштајќи и еден од претставниците на ССНМ во Телевизија Алфа, кого Законот го штити од отказ, а ваквата одлука ја образложува дека е од деловни причини.

– Отказ на вработен поради учество во синдикални активности самотот по себе е неправедно и токму поради тоа законот предвидува посилна заштита на синдикалните претставници, која Бојаџи не ја почитувал, изјави Беловски.

Тој посочи дека одлуката на Бојаџи се толкува како реваншизам и одмаздољубие, нагласувајќи дека врачувањето отказ на шесте вработени е со цел да предизвика страв и неизвесност кај останатите вработени и да се откажат од загарантираните права.

Претседателот на ССНМ информираше дека случајот е пријавен и до надлежниот трудов инспекторат и оти очекуваат позитивно решение во корист на вработените. Дополнително за синдикалните членови, Синдикатот обезбеди и правна помош.

Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ во своето обраќање истакна дека отпуштањето на група медиумски работници „под сомнителни околности од страна на менаџментот на Алфа негативно се одразува на повеќе нивоа“.

– Сакам да истакнам дека ЗНМ заедно со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, стои на располагање на медиумските работници преку правни механизми за да помогне во надминување на оваа состојбата. Предупредуваме дека ваквиот начин на групни отпуштања влијае негативно на целиот медиумски пазар, го обезвреднува трудот на новинарите и медиумските работници, создава несигурност во целиот сектор и затоа бараме од менаџментот на Телевизија Алфа да ја преиспита својата одлука, порача Чадиковски.

Тој истакна дека отпуштањето работници претставува тежок чин во секој сектор, но во медиумскиот има сериозно влијание поради кревкиот пазар и ниските плати, а дополнително влијае и на намалување на атрактивноста на професијата и во обесхрабрувањето на младите луѓе да се занимаваат со оваа професија.

Беловски додаде дека одлуката на директорот на телевизијата уследила по низата преземени синдикални активности од страна на сто вработени во Алфа телевизија, од кои 70-тина членови на ССНМ, во насока на барањата раководството редовно да исплаќа плати и придонеси, што во оваа година во четири наврати доцнеле и до три месеци. Покрај доцната исплата на плати, на вработените во телевизијата им било скратено правото на здравствено осигурување, со што се загрозува и здравствената состојба на вработените.

– Исто така мора да информираме дека медијацијата поточно обидот да се вразуми Бојаџи и да отстапи од намерата да се пресметува со вработените не даде резултати, при што најави дека постапката ќе ја продолжи на суд, вели претседателот на ССНМ.

Тој му порача на директорот на телевизијата дека незаконскиот отказ ќе биде препознаен во судската пракса, а финансиската штетата ќе падне на товар на компанијата што наведува на впечаток дека лошото менаџирање ги уништува медиумите во кои опстојуваат стотици новинари.

Претседателот на ЗНМ, пак, најави дека активно ќе го следи судскиот случај кој ќе следи предизвикан од оваа одлука на ТВ Алфа и ќе ги извести своите меѓународни партнери за прекршување на правата на медиумските работници.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Предлогот Јелена Жугиќ да биде во УО на МКЦ треба да се повлече, Арсовска да земе да работи нешто

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk