ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од тешко, потешко

Помина една тешка, а пред нас е уште потешка година

December 27, 2021 12:50
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не грижете се, веќе е познато како ќе изгледа 2022 година. Светот ќе продолжат да го тресат постојните кризи, веројатно уште посилно. Проблематичниот процес на вакцинација во сиромашните држави ќе им даде замав на новите варијанти на КОВИД. Демократијата и демократските процеси во светот, како и во 2021 година, ќе бележат надолни трендови, отстапувајќи пред наездата на насилството, кршењето на човековите права и деспотските режими. Извештајот на Фридом Хаус 2021, констатира дека „меѓународниот баланс се помести во корист на тиранијата“.

Постојни и нови кризи

Освен постојните, ќе се разгорат и нови кризи, меѓу кои енергетските, климатските и воените криза ќе се чувствуваат на секоја педа од планетата. Несигурноста, сиромаштијата, недостатокот од храна и распадот на здравствените системи под ударот на пандемијата и на сите останати фактори, ќе се продлабочат и ќе ги погодат дури и најсилните и најбогатите. За помалите и сиромашните, оваа година ќе биде тешка на сите можни начини што може да се замислат.

И цените на нафтените деривати ќе растат. Енергијата, мигрантите, пандемијата, економијата и пропагандата ќе бидат оружје за пресметка меѓу конфронтираните страни.

Дезинформациите и теориите на заговорот ќе продолжат да ги разградуваат општествата. Тие ќе им дадат „крилја“ на радикалните структури насекаде низ светот. Со тоа, ерозијата на демократијата и демократските институции ќе се забрза и ќе се прелее на улиците. Оружјето ќе стане секојдневен „одговор“ на проблемите, со што дијалогот ќе биде истиснат од опциите за комуникација меѓу страните во споровите и конфликтите. Оставаме една тешка и мрачна година, но следната ќе биде уште потешка.

Фрагилни и пропаднати држави

Од фрагилни, голем број земји ќе преминат во состојба на пропаднати држави (failed states). Повеќето се држави во Африка, Азија и Блискиот Исток, но и Европа се наоѓа на патот на овој бран (читај: Западен Балкан).

Според глобалниот Индекс на фрагилни држави, „неопходен предуслов за отпорност е залиха на социјален капитал. Земја што не може да преземе колективна акција, популација што не е спремна да ја сподели жртвата – не може да биде отпорна, без оглед на тоа колку е добра економијата или колку доктори и респираторни апарати може да има.“ Бравурозна констатација, вреди да се запомни.

Хибридната војна меѓу Истокот и Западот

Хибридната војна меѓу Истокот и Западот влезе во нова, пожестока фаза. Од конфронтацијата меѓу САД и Кина веќе се наѕираат и првите последици. Во 2022 година, кинеската економија ќе ги покаже првите посериозни знаци на нестабилност, а тоа секако ќе се одрази на голем број економии во целиот свет.

Светот во овој момент одбројува денови до можната агресија на Русија врз Украина. Тоа ќе биде војна што нема да се задржи само во тој регион. Целиот свет ќе биде погоден од речиси извесниот воен конфликт.

А Северна Македонија?

Во Индексот на фрагилни држави, Северна Македонија се наоѓа на 108-мо место од 179 земји кои влегуваат во истражувањето. Но тоа нема потреба да ги загрижува ниту политичарите, ниту општествените фактори. Ние и онака живееме на друга планета. Каде што граѓанките и граѓаните се спремни заеднички да ги поднесат жртвите. Тие се медиумски и политички описменети и свесни. Иако се сиромашни. Политичарите се одговорни, корупцијата е искоренета, а сите предизвици се дочекуваат со план и стратегија чија имплементација е беспрекорна. Хм…


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Ургентниот центар во ГАК во Чаир опремен по сите европски стандарди

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk