ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адвокатот Давидовиќ со двојни аршини за притворот на Мијалков

December 28, 2021 14:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

Адвокатот Звонко Давидовиќ се демантира себеси во однос на ставовите искажани за притворот на Сашо Мијалков. Тој сега го обвинува Судот дека носи погрешни одлуки, иако досега во јавните настапи во својство на правник постојано ја нагласуваше можноста за бегство.

Прашан за драмата околу трагањето и појавувањето на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков и за тоа дали системот потфрлил, адвокатот Давидовиќ за Канал 5 истакна дека пропустот е кај обвинителството, затоа што постапувало со двојни аршини и не дало решение за притвор или друга мерка, како што реагирало за слични случаи, ако веќе имало сознанија дека Мијалков се подготвува да избега.

Тој во истата изјава уште дополнува и дека со бегството на Мијалков се покажало дека политиката се уште има големо влијание врз судството и обвинителството. Сега пак го тврди сосема спротивното, односно дека поради политички причини Мијалков е се уште во притвор.

Давидовиќ е контрадикторен и за самото прашање за можноста од бегство и притвор и во други судски предмети.

Според адвокатот, во изјава дадена за Алсат пред неколку години, одлуката на Кривичниот совет да не ја прифати жалбата на СЈО со што Сеад Кочан останува да се брани од слобода, е уште еден пример за двојните стандарди на судството. Односно, и во овој случај Давидовиќ „навива“ за притвор. Тој понатаму додава:

-Прво, никогаш не се случило некој кој бил во бегство да не отиде во притвор, да му се укине мерката за притвор. Второ, подолго време ова веќе трае и беше подготвувано и луѓето кои ги следат предметите насетуваа, затоа што Апелациониот суд, точката 2 и 3 – значи влијание на сведоци или да не го повтори или доврши делото, ги укина во старт и отвори можност да се даде гаранција. Врховниот суд токму тоа го направи, а Основниот суд Скопје 1, како и досега ја одигрува улогата на пречка на СЈО, изјавил адвокатот Давидовиќ.

И покрај фактот што сега Мијалков имаше обид за бегство, адвокатот тврди дека притвор не смее да се изрече иако претходно бил категоричен дека оној што се пуштил во бегство е невозможно да не биде во притвор.

Сега Давидовиќ тврди Судот не го земал предвид тоа што компаниите, односно имотот којшто е влезен во гаранцијата на Мијалков која е запишана и која е правосилна обезбедува плати и придонеси на повеќе од 350 вработени семејства во републикава и од кои државата добива приход по однос на даноци и акцизи, поголеми износи коишто и самиот суд ги наведува во решението.

„Во спротивна насока ги цени како можност за бегство, а не како можност дека токму тоа што тој овде има основано свој бизнис нема намера, ниту волја да се даде во бегство“, нагласува сега Давидовиќ, со што дополнително ја потврди контрадикторноста во ставовите.

Д. Е.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

МОН: Набавени се 25 професионални машини и апарати за мензите во три студентски домови во Скопје

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk